Унгарија ќе постави ограда и на границата со Хрватска
Објавено во: Балкан 04 Септември, 2015 10:10
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан предупреди дека Унгарија ќе изгради ограда по границата и со Хрватска, ако протокот на имигранти се насочи оттаму, пренесоа агенциите. Земјата веќе ja изгради предвремено оградата долж границата со Србија.
Од 15 септември, пак, ќе биде формиран нов систем за контрола на границата, во кој ќе се вклучи и војската. „Ќе донесеме измени во законите и во Кривичниот законик и ќе ја привлечеме армијата во обезбедувањето на границата“, изјавил Орбан.
Тој потсети дека повеќето од мигрантите не се од зони на воени конфликти. Според него не е можно да биде пропуштање на секој мигрант во Европа, бидејќи тоа ќе биде крај на Европа.
Според ДПА унгарскиот парламент ќе гласа денеска за законите поврзани со присуството на армијата на границата.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




