УНГАРСКИОТ КРЕДИТ СТАНА ТЕМА И ВО СРПСКИТЕ МЕДИУМИ: Еве што пишуваат за заемот од Унгарија
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2024 06:30
Унгарскиот кредит кој Македонија го зема од Унгарија и кој треба во буџетот да влезе деновиве, стана тема за пишување и во медиумите во соседството.
Па така, српскиот Телеграф.рс, посвети статија на кредитот.
Текстот го пренесуваме во целост.
„Односите меѓу Северна Македонија и Унгарија, со доаѓањето на новата влада во Скопје, се интензивираа, а најновите активности сведочат за продлабочувањето на пенетрацијата на Унгарците на пазарот на Северна Македонија.
Имено, унгарските медиуми објавија информација дека од 2010 година трговскиот промет е зголемен речиси осум пати, а последните информации укажуваат дека соработката ќе се прошири и во финансиска смисла.
Унгарскиот и македонскиот министер го потпишаа договорот за заем кој е дел од договорот за економска соработка меѓу двете влади. Според информациите, Македонците ќе го добијат заемот, кој унгарските власти го опишаа како пријателски, за период од 15 години со тригодишен грејс период со каматна стапка од 3,25 отсто.
Според унгарските медиуми, станува збор за заем од 500 милиони евра од унгарската агенција за извозни кредити.
Која е целта?
„Со потпишувањето на овој договор ќе се обезбедат 500 милиони евра за буџетска поддршка за проекти за локален развој и економска поддршка на населените места. Дел од заемот ќе се нуди како заем со поволна каматна стапка на домашните компании, што може да придонесе за зајакнување на економското раст“, изјавија од Унгарија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?
Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите
Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии
Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец
Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин
Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд
Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село





