26 Ноември, 2024
0.0281

„УНИБанка“ има одлични резултати! Добивката изнесува 3,9 милиони евра

Објавено во: Економија 05 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

„УНИБанка“ за првите девет месеци има процентуален најголем раст на добивка и на нето приходи од камати во споредба со сите други банки кои ги објавија финансиските резултати за првите три квартали годинава. Добивката изнесува 3,87 милиони евра, 1,2 милиони евра повеќе од лани. Нето приходите од камати се на ниво од 10,4 милиони евра што е за 959.000 евра повеќе од лани. Овој параметар во комбинација со тоа што нето приходите од провизии се на исто ниво како и лани и намалените резервации за пола милион евра, донесоа состојба во која добивката на банката е за 45 отсто поголема од истиот период лани

„УНИБанка“ има извонредни финансиски резултати за своето работење во првите девет месеци година, покажуваат објавените биланси за успех и состојба достапни на веб платформата СЕИ НЕТ на Македонската берза за хартии од вредност.

Од досега објавените финансиски резултати на деловните банки УНИБанка има најголем раст на нето приходи од камати (процентуално изразено н.з.) во споредба дури и со трите најголеми деловни банки во земјава за првите девет месеци годинава. Во услови на бројни ограничувања во бизнисот генерално „УНИБанка“ успеа да ги зголеми нето приходите од камати за 959.000 евра до износ од 10,4 милиони евра за првите девет месеци годинава. Тоа е раст на нето приходите од камати од 10 отсто во споредба со истиот период лани.

Очекувано како и кај сите други деловни банки, заради намалениот обем на работа во периодот на вондерната состојба предизвиката од здравствената пандемија, и „УНИБанка“ има намален нето приход од провизии и надоместоци. Нето приходот од овие дејности за првите деет месеци изнесува 2 милиони евра и е само за 18.000 евра понизок во споредба со оствареното во истиот период лани. И по овој параметар „УНИБанка“ има најдобро остварување од сите банки кои досега ги објавија своите финансиски резултати.

На приходната страна вреди да се истакне и растот на нето приходите од курсни разлики кои до крај на септември достигнале 439.000 евра и во споредба со лани се повисоки за 115.000 евра.

Добивката на „УНИБанка“ во првите девет месеци изнесува 3,87 милиони евра и тоа е за 47 отсто подобар резултат во споредба со истиот период лани. Освен одличните резултати на приходната страна односно растот на нето приходите од камати за речиси еден милион евра и силната позиција на нето приходите од провизии и надоместоци значајно влијаеше врз добивката и намаленото ниво на резервации во споредба со истиот период лани. Имено, за првите девет месеци годинава оваа банка има резервации на ниво од 2 милиони евра што е за 461.000 евра помалку од истиот период лани.

На страната на билансот на состојба најзначајните параметри се следниве: нивото на кредити за девет месеци пораснало за 8,7 милиони евра и изнесува 275 милиони евра на крај на септември годинава. Нивото на депозити е зголемено за 17 милиони евра до ниво од 314 милиони евра.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво