19 Декември, 2025
0.0483

УНИБанка оствари добивка од 3,3 милиони евра за половина година

Објавено во: Економија 28 Јули, 2025 10:19

Добивај вести на Viber

УНИБанка во првoто полугодие  од 2025 оствари вкупни приходи од работење кои изнесуваат 19 милиони евра  и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од  2.5 отсто.

Најголем придонес во остварувањето на донивката од 3,32 милиони евра имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи. Во споредба со истиот период  од 2024 година тие се зголемени за 2.9 проценти, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население. 

Намалувањето на трошоиците на банката за речиси 2 отсто се должи на помалиот износ на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.

„Во првoто полугодие од 2025 година, банката има исплатено дивиденди во износ од 211 милиони денари или 387 денари бруто износ по акција од остварената добивка во 2024 година“, соопшти УНИБанка во доставениот полугодишен извештај до Макеоднска берза.

Ненаплатените побарувања се намалени за 5.6 отсто во однос на крајот на минатата година, како резултат на продажба на превземени имоти.

„Обврските по кредити заклучно со вториот квартал од 2025 година се зголемени за 57.3% во однос на  31.12.2024 година, како резултат на прибрани нови извори на средства по основ на одобрени кредитни линии“, додават од таму.

Од оваа деловна банка додаваат дека заклучно со првoто полугодие од 2025 година, нето активата на банката  е  над планираната. 

„УНИБанка има за цел во текот на  2025 година да го зголеми бројот на дигитални корисници и клиенти, кои  во пракса ќе ги почувствуваат ефектите од  намалувањето на трошоците во нивното работење. Се планира да се воведат нови иновативни мобилни банкарски решенија со кои уште повеќе ќе се овозможи персонализирано корисничко искуство и поголемо задоволство при реализацијата на банкарските операции“, најавува УНИБанка во образложението за полугодишниот резултат.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии