УНИБанка со изменети и намалени надоместоци за физички и правни лица
Објавено во: Мои пари 06 Август, 2025 08:01
Во пресрет на приклучување кон СЕПА платежна област(единствена област за плаќање во евра за физички и правни лица), следејќи ги барањата на клиентите, како и препораките на Народна банка на РСМ, УНИБанка АД Скопје изврши измена во тарифите на меѓународните плаќања преку СЕПА, а истовремено ги намали и надоместоците за користење на услугите во МИПС, како за физички така и за правни лица.
Со оваа одлука Банката покажува прилагодливост кон потребите на клиентите, а истовремено ги следи и почитува институционалните препораки.
Кај клиентите правни лица повеќекратно се намалени просечните тарифни провизии за плаќањата во СЕПА во однос на постоечките тарифни ставки, соодветно се прилагодени надоместоците и во пакетите за правни лица, со што стануваат уште поатрактивни за клиентите.
Пакетите за правни и физички лица вклучуваат најчесто користени банкарски услуги и плаќања во една цена и истите се прилагодени согласно потребите и големината на клиентот.
За физичките лица кредитните трансфери воСЕПА започнуваат од 1 еур, Банката не предвидува надоместоци за приливи, вклучително и по основ на странски плати и пензии.
Приклучувањето кон СЕПА ќе овозможи побрзо, поевтино и поефикасно извршување на плаќања во евра, како на национално, така и на прекугранично ниво.Банката периодов интензивно работи на сите неопходни процеси со цел да им ја овозможи на своите клиенти услугата СЕПА кредитен трансфер, која ќе стартува на 7ми октомври 2025 година, од кога стартува и измената на тарифата.
Извршени се и намалувања на надоместоците за кредитни трансфери кон сметки во други банки преку платниот систем МИПС, со намалување и до 40% на трансферите извршени преку електронско банкарство.
Со измените на тарифните надоместоци УНИБанкаја поддржува дигитализацијата на платниот промет во земјава, ги стимулира граѓаните и компаниите да преминат на електронски плаќања,и воопшто придонесува кон воспоставување на еден поефикасен и поевтин платен промет. Потврдува дека е современа европска банка и партнер на своите клиенти во секоја фаза од нивниот развој, како локално така и на меѓународно ниво.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





