19 Јануари, 2025
0.0267

УНИЦЕФ и Фондацијата Т-Мобиле ја промовираа кампањата „Првите 5 се најважни на свет“

Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондацијата Т-Мобиле за Македонија денес ја претставија кампањата „Првите 5 се најважни на свет“. Целта на кампањата е да ја промовира важноста на развојот во раното детство и да мобилизира поддршка за отворање нови центри за ран детски развој. Кампањата е одговор на потребата од поддршка за родителите и старателите за подобро да ги разберат развојните потреби на децата во најважните години од животот - првите пет. „ Преку кампањата сакаме да им помогнеме на родителите да научат како подобро да се грижат за децата во првите пет години од животот, како и - што е исто толку важно - да бараат подеднакво квалитетна грижа од другите возрасни што се грижат за нив – без оглед дали тоа се наставници, воспитувачи, негувателки или членови на семејството, “ изјави претставникот на УНИЦЕФ др. Бертран Демулен. Кампањата исто така е одговор на потребата од зголемен пристап до услуги за ран детски развој. Во моментот вакви услуги пружаат единствено градинките кои се финансирани од државата и мал број центри за ран детски развој кои беа отворени со помош на УНИЦЕФ. Иако пристапот до овие услуги е двојно зголемен од 2005 година до сега, во моментот само 1 од 5 деца (22%) на возраст од 3 до 5 години посетува градинка или центар за ран детски развој. Кампањата има за цел и да мобилизира поддршка од повеќе чинители - општини, приватни компании и поединци - за да се обезбеди пристап до квалитетни програми за ран детски развој за што повеќе деца. На почетокот од годината, во рамките на партнерството со УНИЦЕФ, Фондацијата Т-Мобиле за Македонија се заложи да донира 50,000 УСД за отворање дополнителни центри за ран детски развој. Кампањата ги повикува општините да влезат во партнерство со УНИЦЕФ и приватните претпријатија и поединци да донираат за да може да се прошири мрежата на програми за ран детски развој во оние заедници кои имаат најголема потреба од нив. “Знаејќи ја важноста и потребата од раниот детски развој, имаме за цел да ги поттикнеме родителите и згрижувачите да дознаат што повеќе, но и да ги ангажираме сите општествени чинители да отвориме што е можно повеќе центри за Ран детски развој, како алтернатива на градинките, особено во средини каде не е исплатливо да се градат градинки – а тоа се руралните и маргинализираните средини. Со тоа им пружаме на децата од ранливи средини еднаква можност за рана едукација, која ќе им помогне да бидат подобри во училиште, и воопшто понатаму во животот. Затоа од денес почнуваме со кампања, која освен што ја потенцира важноста на раниот детски развој, има за цел да поттикне генерирање на средства, за отворање на нови центри за ран детски развој.Со оваа кампања, најпрво ги поттикнуваме општините да направат партнерство со УНИЦЕФ, бизнис заедницата да посвои центри и сите граѓани на Република Македонија, да донираат на донаторниот број 070 143 555. ,”изјави г-а Леа Липша, директор на Фондацијата Т-Мобиле за Македонија. Во моментот функционираат  20 Центри за ран детски развој кои беа отворени преку програмите на УНИЦЕФ за поддршка на локалната самоуправа.  Со помош на средствата донирани од Фондацијата Т- Мобиле за Македонија ќе се отворат пет центри за ран детски развој во Јаргулица (Радовиш), Селце (Тетово), Десово (Долнени), Злеово (Радовиш) и Долно Лисиче (Аеродром). Кампањата беше изработена со поддршка од следните поединци и компании кои го донираа своето време и услуги: Алфа ТВ, Алсат ТВ, crnobelo.mk; danu.biz; Httpool; kajgana.mk; Коха; Кристијан Ристевски; Media Print Macedonia;femina.mk; МРТВ; Небојша Гелевски; Nextsense, Publicis; Сител ТВ; Телма ТВ и time.mk. За да дознаете повеќе за кампањата „Првите 5 се најважни на свет“ посетете ја веб страната www.prvite5.mk.  Исто така следете ја кампањата на www.facebook.com/pvite5.mk иhttps://twitter.com/prvite5 за да бидете во тек со резултатите од активностите.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ