19 Декември, 2025
0.0449

УНИКАТНО! ПУИК ќе „лапа“ од ГТЦ дивиденда од 1 денар за акција

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2016 07:55

Добивај вести на Viber

Државното акционерско друштво за стопанисување со деловен простор ќе добие бруто дивиденда од 2,45 милиони денари од АД Градски трговски центар (ГТЦ), што значи 1,2 денари по акција во бруто износ. Ова е најниската дивиденда споредено со сите други фирми што делат дивиденда. ГТЦ е во загуба од оперативното работење, но е во добивка благодарејќи на каматата од 12,9 милиони денари за 5-те милиони евра што ги има орочено како депозити во македонски банки Градскиот трговски центар (ГТЦ), поранешната комерцијална гордост на главниот македонски град објави дека ќе подели 2,43 милиони денари дивиденда за сопствениците на акции. Во бруто износ по акција дивидендата изнесува 1,2 денари и таа е најниска дивиденда во споредба со сите други што досега ги поделиле домашните акционерски друштва кои објавуваат податоци на Македонската берза за хартии од вредност.Најмногу од дивидендата ќе се „омрси“ поранешен ПУИК односно државното акционерско друштво за деловен простор кое поседува 97,58 отсто од акциите во ГТЦ Скопје. Тоа ќе добие повеќе од 31.000 евра во дивиденда од ГТЦ. Други акционери во ГТЦ се 128 домашни физички лица кои заедно имаат 1 отсто од акциите и уште 44 правни лица кои заедно поседуваат 1,5 отсто од капиталот. ГТЦ втор пат е рекордер по минимална дивиденда што ја дели на своите акционери. Оваа компанија подели дивиденда и во 2013 година и тогаш таа изнесуваше 1 денар по акција. ГТЦ лани, според податоците од извештајот на независниот ревизор, остварил приходи од продажба во износ од 212,35 милиони денари што е речиси на исто ниво од приходите остварени и една година претходно. Оперативните расходи лани биле за 8 милиони денари повисоки од приходите заради што и компанијата книжи оперативна загуба во износ од 8,9 милиони денари. Сепак благодарејќи исклучиво на финансиските приходи што ги има компанијата таа остварила добивка од 4 милиони денари што по исплатата на данокот е добивка од 2,58 милиони денари. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд