16 Мај, 2024
0.0259

УНИЦЕФ: Децата бегалци и мигранти страдаат најмногу поради граничните рестрикции

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Тешката ситуација на граничните премини на балканската копнена рута, особено во поранешната Југословенска Република Македонија и Грција резултираше со илјадници деца заглавени на границите, под стрес и под ризик од влошување на здравјето и изложеност на злоупотреба, изјави УНИЦЕФ.

Во овој хаос и збрканост децата се принудени да спијат на отворено во бедни услови повеќе од една недела, без можност да се измијат и да добијат соодветна храна. Постои ризик од одвојување на семејствата, а децата со часови остануваат заглавени надвор од транзитните центри во возови без јасна крајна цел.

“Сведок сум дека мали деца на возраст под пет години се заглавени меѓу двете гранични огради,” рече Јаспер Јансен, теренски координатор на УНИЦЕФ во Гевгелија. “Не можат да одат ниту напред, ниту пак да се вратат назад – неопходно им е засолниште и одмор и треба да знаат што ги чека понатаму.”

Со оглед на брзите промени во состојбата околу граничните транзитни центри во поранешната Југословенска Република Македонија, УНИЦЕФ ја зајакнува помошта. Дел до активностите опфаќа обезбедување пристап до вода и санитарни објекти, особено за децата и бебињата, и достава на средства за лична хигиена и храна како помош за децата и нивните семејства полесно да се справат со овие истоштувачки услови.

УНИЦЕФ го повтори својот повик за обединет, координиран пристап на сите држави што се наоѓаат на примарните транзитни рути и на земјите на крајна дестинација. Ниедно дете не смее да ја помине ноќта на отворено без пристап до основни услуги.

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“