Добивај вести на Viber
Како заклучок од денешната трибина „Стратегија за развој на Универзална сала за период 2013-2016 година“, беше посочено дека Универзална ќе биде урната до темел, а потоа да се изгради нов објект. Ове треба да биде направено бидејќи зградата е стара 47 години.
Според најавите на претставниците од Универзална сала и од Секторот за јавни дејности на Град Скопје, се предвидува да се урне 70-80 отсто од објектот и да останат само темелите.
Како што рече директората на Универзална сала, Вера Бошковска, обврската за реконструкција на салата ја превзема Владата. Од моментот кога ќе бидат одобрени средствата додека почне изградбата ќе поминат 6 месеци, бидејќи е потребно време за подготовки и за адаптација.
На трибината беше посочено и дека средствата што Универзална ги обезбедува од самофинансирање, од издавањето на салата и од своите активности не се доволни за одржување и функционирање на објектот.
Инаку реконструкцијата на Универзална сала се најавува од минатата година.