Универзитетската карате репрезентација на Македонија ги заврши подготовките за Европската универзијада во Полска
Објавено во: Мои пари 20 Август, 2025 17:11
Каратистите на „Макпетрол“, кои се дел од Mакедонската универзитетска карате репрезентација, засилени со каратисти од Босна и Херцеговина и од клубот „Цветан Димов“, успешно ги завршија подготовките во Струга за Европската универзијада која ќе се одржи во Полска. Репрезентативците, како и секоја година, подготвени ќе заминат на претстојната Европската летна универзијада на боречки спортови која ќе се случува од 21 до 26 август во главниот град на Полска, Варшава.
Селекторот на Македонската универзитетска карате репрезентација Бошко Заборски, го објави списокот на каратисти/ки, кои ќе ја претставуваат Македонија на оваа летна Европска универзијада на боречки спортови. Репрезентацијата е составена од девет млади спортисти од пет македонски универзитети. Во Полска, македонските бои ќе ги бранат: Рудина Алиу од универзитетот „Мајка Тереза“; Јована Мицовска, Ангела Мојсовска и Данило Божовиќ од универзитетот „Св. Кирил и Методиј“; Викторија Јовановска и Стефан Стојановиќ од Универзитетот за туризам и менаџмент; Мила Панчева и Љупче Михајлов од универзитетот „Гоце Делчев“ и Петар Заборски од универзитетот „Св. Климент Охридски“.
- На Летната европска универзијада заминуваме подготвени како и секоја година. Сакам да истакнам дека македонските каратисти традиционално учествуваат и имаат постигнато успеси на официјалните европски универзијади и светските универзитетски првенства. Очекуваме добро претставување на македонскиот карате тим во Варшава, Полска – вели тренерот Заборски и додава дека во стручниот тим на тренери ќе бидат вклучени и Јован Лазаров и Жарко Арсовски.
На Европскиот универзитетски шампионат во боречки
спортови, ќе учествуваат вкупно 1131 спортист од 32 европски држави кои ќе се
натпреваруваат во четири боречки спортови: карате, џудо, теквондо и кик бокс.
Ќе се претстават младинци од 400 универзитети, а пријавени се 349 тренери,
физиотерапевти, медицински лица и тимски тренери.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





