19 Декември, 2025
0.0556

УПОЗ: Рекорден број на 730 огласи за вработувања пред локалните избори

Објавено во: Економија 10 Јули, 2025 11:41

Добивај вести на Viber

Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) побара зголемени плати за вработените во Агенцијата за администрација кои работат на селектирање и проверка на кандидатите што се јавуваат на огласите за вработување во јавниот сектор.

Синдикатите во сооопштение изразуваат загриженост за состојбата во која се наоѓаат вработените во Секторот за селекција на кандидати за вработување, за кои истакнуваат дека секојдневно со години наназад се соочуваат со притисоци (институционални, административни, политички, јавни и психолошки).

Од УПОЗ го потенцираат и фактот дека во моментов, пред распишување на локалните избори, има дури 730 објавени огласи за обработка, нешто што никогаш во историјата не се случило.

- Токму овие вработени ги спроведуваат постапките за вработување во јавниот сектор. Одговорноста при извршувањето на работните задачи во услови на притисоци и кратки рокови која ја имаат овие вработени е огромна, особено имајќи го предвид фактот дека заклучно со 09.07.2025 година, бројот на објавени огласи за вработување на административни службеници изнесува 730, а голем број од овие јавни огласи се објавени за повеќе работни места, односно извршители. Ова е највисока бројка на објавени огласи за вработување од кога постои Агенцијата за администрација, видно од годишните извештаи за работа на Агенцијата за администрација, објавени на нејзината веб страница. 

Со години наназад пред распишување на сите досегашни избори, а и оваа година, за да се завршат огласите пред да се распишат локалните избори, вработените од Секторот за селекција во Агенцијата за администрација работат под исклучително голем притисок кој произлегува од спроведувањето на постапките во многу кратки рокови, што директно влијае на нивното ментално и физичко здравје како и попречување на нивното нормално функционирање надвор од работното време, се вели во соопштението.



Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии