26 Ноември, 2024
0.0261

Управата за јавни приходи го одбележува Денот на даночните работници

Објавено во: Економија 02 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Управата за јавни приходи по 26 пат го одбележа Денот на даночните работници „Св. Матеј“, и 76 години од воспоставување на даночен систем. Настанот го отвори и пред присутните се обрати Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, која во пресрет на 30 годишниот јубилеј идната година испрати силна порака дека УЈП не е само институција која се грижи за приходната страна во Буџетот, туку е и основата на сите општествени процеси , двигател на економските текови, партнер на даночните обврзници. Лукаревска рече дека даночните работници и УЈП се присутни во сите можни евиденциски процеси, и се клучот за размена на податоци со, институциите, координирајќи ги важните процеси во даночната сфера, борбата против корупцијата и во реформската агенда. 

Таа говореше и за соработката со Светска Банка, ММФ и USTreasuryкако и за работните процеси кои се случуваат во Управата за јавни приходи.

„Соработката со Светска Банка ќе се круниса со нов Интегриран Даночен Информационен Систем, што ќе ја зголеми ефикасноста, ефективноста и ажурноста на сите услуги, процеси, тековни активности , од една страна, а од друга страна тоа ќе има свој ефект и во процесот на наплатата и во сузбивање на даночното затајување .Врз основа на тој процес, формирани се работно тело и два комитети за усогласеност и реформи.Неизбежно е да ја споменеме и Е – фактурата , чија реализација несомнено ќе не позиционира во трката за развој и модернизација со даночните управи од регионот и пошироко . Со овој проект, голема помош ќе имаат сите и бизнис заедницата, државните институции и граѓаните. “-рече Лукаревска.

Директорката на УЈП во своето обраќање истакна дека сметководителите се едни од најголемите корективи на институцијата.

 ,,Нема критика која не сме ја земале во предвид, нема сугестија на која  не сме и посветиле соодветно внимание, не постои било кој нивен проблем што заеднички не сме го разгледувале. Дали сме направиле доволно ,сеуште не. Но само со меѓусебна поддршка и добронамерност и во иднина ќе продолжиме да ја цврстиме меѓусебната доверба. Нивните критики не мотивираат уште повеќе да продолжиме кон нашата модернизација и трансформација. – рече Лукаревска

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во своето обраќање рече дека УЈП ја има поддршката на Министерството за финансии во процесот на имплементација на модерни, дигитализирани услуги.

„Ќе продолжиме и понатаму, преку блиска соработка со Управата за јавни приходи, заеднички да работиме на реализација на низа приоритети во даночната сфера, меѓу кои и континуирано унапредување на даночното законодавство, зголемување на ефикасноста и ефективноста во прибирањето на даночните приходи, борба против неформалната економија, зголемување на транспарентноста на даночниот систем и зајакнување на соработката со министерствата за финансии и даночните администрации од регионот и пошироко“, посочи министерот  Бесими и додаде дека даночните работници имаат една од најзначајните улоги во проведување на словото на даночните закони и борбата со неформалната економија.“ – истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.

Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитки за посветеноста во работењето на вработените во УЈП, а во своето обраќање го потенцираше партнерскиот однос кој Управата за јавни приходи го гради низ годините со даночните обврзници, институциите и меѓународните организации.

„Управата за јавни приходи има многу значајна улога за државата  како целина и во таа насока ги охрабруваме чекорите и новитети кои се воведуваат, како дигитализација на услугите и модернизација на процесите. Заедно со нас, спроведувате ефикасен, транспарентен и праведен даночен систем и даночна политика преку наплатување даноци, градејќи партнерски однос со даночните обврзници. Ви честитам за вашата посветеност во работењето и високиот квалитет на услугите за даночните обврзници со цел навремено и точно исполнување на обврските и праведно и ефикасно собирање на даноците и на јавните давачки.  Тоа е клучно за функционирањето на една држава и  значи средства за изградба на темелите на општеството како инфраструктура, образование, здравство, заштита на животната средина, одржување на јавниот ред и мир и се останато од интерес на граѓаните“, порача претседателот на Владата на Република Северна Македонија, на денешното одбележување на Денот на даночните службеници Свети Матеј.

При тоа, премиерот Ковачевски потенцира дека показател за успешната работа на УЈП како една од најзначајните  институции се и последните бројки за наплата на даноците.
„Во периодот од јануари заклучно со ноември  2023 година, остварен е вкупен даночен приход од  над 1,6 милијарди евра, што е зголемување  за 7,62% од остварениот даночен приход за истиот период во 2022 година. Пораст  на наплатата е регистрирана и  во ноември годинава, кога истата изнесувала над 163 милиони евра што е реализација од 111% од планираниот вкупен приход за ноември, односно за 42% поголема наплата од ноември 2022 година. 
Владата креира позитивни политики и затоа успеавме да постигнеме ефикасност, големите даночни обврзници од почетокот на годинава заклучно со ноември да учествуваат со 43,5 проценти во вкупно наплатените даноци во државата“ - посочи премиерот Ковачевски на настанот.

Во рамки на настанот а по повод Денот на даночните работници „Св. Матеј“, беа доделени и Плакети за успешната соработка на Управата за јавни приходи со меѓународни  и домашни институции а беа врачени и Пофалници за вработените.

На настанот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор и на Владата, на меѓународни организации со кој соработува УЈП, директори на повеќе институции, градоначалници, медиумски работници и други значајни личности од општествениот живот.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката