Урбан инвест ја доби тужбата, ФЕНИ индустри загадувал!
Објавено во: Македонија 12 Мај, 2013
Основниот суд Велес пресече, компанијата Урбан инвест од кавадаречко Возарци ја доби тужбата против ФЕНИ Индустри заради загадување на животната средина со прашина и чад. ФЕНИ Индустри се задолжува да и исплати на Урбан инвест надомест на штета од 600 илјади денари, но и дополнителни 13 милиони денари за нематеријална штета, Истовремено компанијата ФЕНИ се задолжува да преземе мерки со кои ќе се спречи натамошно нанесување штета.
Урбан Инвест поднесе тужба против ФЕНИ кој има фабрика за примарна преработка на руда во непосредна близина на село Возарци, поради како што посочуваат големото загадување со нечистотија од прашина и чад како при обработката на руда, така и при нејзиниот транспорт.
Како што е наведно во тужбата, тужителот се жалеше и на нарушена безбедност на сообраќајот и загрозеност на здравјето и животот и на сите учесници во сообраќајот кои поминуваат по патот во близина на комбинатот ФЕНИ.