05 Декември, 2025
0.0387

Урбанистичкото планирање и шопинг центрите – како да се постигне рамнотежа?

Објавено во: Анализа 26 Јули, 2014 09:07

Добивај вести на Viber

Меѓународниот совет на трговски центри (ICSC) ја повика Европската унија да го заштити правото на малопродажните синџири да прават бизнис низ цела Европа. Истовремено од Советот инсистираат да биде постигната рамнотежа меѓу слободата на основање на трговците и целите за урбанистичко планирање на земјите членки.

На дискусија на која присуствуваа претставници на трговски центри и на ЕУ, организацијата истакна дека законите мора да бидат одраз на потребите на клиентите, граѓаните и бизнисот.

Организацијата инсистира на фер и ефикасен процес за издавање на градежни дозволи и трговија. Советот потсетува дека европските трговци треба да ги добијат и двата вида дозволи.

„Можно е да се дојде дотаму да поминете пет години во работа на градежна дозвола, а конечно да не добиете дозвола за трговија", коментира Петер Вилем, новиот претседател на организацијата.

Според него, шопинг центрите се важна платформа за раст на трговијата, за мали и средни бизниси. Податоците на организацијата покажуваат дека во шопинг центрите во Европа работат над 5,1 милиони лица.

  К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени