УРИВААТ РЕКОРДИ: Шест од десет Аргентинци се сиромашни
Објавено во: Економија 18 Февруари, 2024
Шест од десет Аргентинци се сиромашни. Сиромаштијата во Аргентина достигна рекордно ниво.
Нивото на сиромаштија во Аргентина достигна 57,4 отсто во јануари, што е највисоко во последните 20 години, покажува извештајот на Католичкиот универзитет во Аргентина (УКА). Девалвацијата на валутата пезос што ја изврши претседателот Хавиер Милеи кратко по неговата инаугурација на почетокот на декември и зголемувањето на цените предизвикани од него – ги влошија нивоата на сиромаштија, што ја затвори годината на 49,5 отсто.
Милеи ја презеде функцијата ветувајќи дека ќе ја „доларизира“ економијата, ќе ја скроти годишната стапка на инфлација од повеќе од 200 отсто, ќе го елиминира фискалниот дефицит и ќе стави крај на придобивките за политичките династии во Аргентина, кои Милеи ги нарекува „каста“. Во декември, неговата влада донесе економски реформи, првенствено девалвација на пезосот од 54 отсто во однос на американскиот долар, што предизвика колапс на приходите на Аргентинците. Лани аргентинската валута беше меѓу трите најлоши во светот. foto freepik.com/svstrelkov
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.