Добивај вести на Viber
Зградата на централата на владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, во центарот на Скопје, денеска е урната од темел.
Уривањето се подготвуваше изминативе неколку дена.
-Тоа земјиште се гради во соинвеститерство, односно понудувачите понудија процент од бруто развиената површина кој ќе му го отстапат на сопственикот на градежното земјиште (во случајов ВМРО-ДПМНЕ), што воедно беше еден од основните критериуми за избор на најповолен понудувач, а кој процент не смее да биде под 30 отсто од бруто развиената површина. Што значи приватен инвеститор го гради земјиштето во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ за свои комерцијални цели, а за возрат треба да отстапи најмалку 30 отсто од корисната изградена површина на ВМРО-ДПМНЕ. Во овој случај ВМРО-ДПМНЕ нема никакви трошоци за изградба на објектот“, се огласи минатата недела со соопштение ВМРО-ДПМНЕ.