16 Мај, 2024
0.0292

УСАИД го отвори Hub Скопје, иновативен бизнис акцелератор

Објавено во: Мои пари 17 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Денеска, Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија, отвори коворкинг простор и акцелератор, Hub Скопје.

hub skopje 1

Hub Скопје е иновативна и инспиративна работна околина за претприемачи и компании во рана фаза од развојот, фриленсери и индивидуалци кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

3 (2)

Hub Скопје нуди работна околина - биро, пристап до интернет и сала за состаноци, пристап до информации, пристап до знаење, пристап до потенцијални партнери, клиенти и пазари - преку Б2Б и нетворкинг настани, пристап до финансии - презентација пред Клубот на бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија и поддршка од професионалци за иновации и креативно размислување - совети од консултанти за иновации и бизнис менаџмент.

Во своето обраќање, директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн рече: "Hub е креиран во духот на соработка. Им честитам на сите наши партнери денес: Проектот за микро и мали претпријатија, имплементиран од CEED и кофинансиран од Владата на Швајцарија, кој обезбеди финансии, Млади инфо, кои ни помагаат да стигнеме до младите претприемачи и Impact Hub Global, мрежа која ќе ни помогне да обезбедиме врвни услуги."

1 (1)

Госпоѓа Катарина Штокер, заменик шеф на мисија, Амбасада на Швајцарија во Република Македонија изјави: "Во последните осум години, во Швајцарија се отворени 50 нови коворкинг простори и бројот расте. Се надевам дека Македонија многу брзо ќе се најде на мапата земји со завиден број на коворкинг простори и бизнис акцелератори".

2 (1)

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кој започна со работа во јули 2011 година, во вредност од 1,949 милиони долари е петгодишен проект за поддршка на микро и мали бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на проектот се имплементираат на целата територија на Македонија. ЦЕЕД Македонија е имплементатор на Проектот и е една од институциите во наследство на УСАИД.

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“