02 Јуни, 2023
0.0278

УШТЕ 110.000 ФУНТИ ЗА ПОТРАГАТА ПО МЕДЛИН: Родителите одбиваат да веруваат дека нивното дете е мртво додека не се најдат останки

Објавено во: Свет 23 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Британската полиција во потрага по исчезнатото девојче Медлин МекКен доби дополнителни 110.000 фунти за нивната макотрпна истрага, а британските медиуми објавија дека тие би можеле да бидат на работ на пробив.

Информацијата дека Скотланд Јард добил дополнителни пари од МВР се појави во моментот кога на езеро во Португалија почна првата голема потрага по девојчето во последните девет години. Полицијата претходно побара дополнителни средства во средината на тековната финансиска година за продолжување на истрагата.

- Министрите одобрија барање до 110.000 фунти за продолжување на истрагата. Барањето е разгледано согласно процедурата на специјалниот грант кој се одобрува на годишно ниво - соопшти портпаролот на МВР.

Помошта од владата е топло добредојдена од Кејт и Гери МекКен, кои пред три недели трогателно ја одбележаа 16-годишнината од исчезнувањето на нивната ќерка. Одобрената сума, пак, е намалена за две третини во однос на претходната година. Официјалните лица претходно го одобрија барањето за распределба на 302.470 фунти во текот на финансиската година 2022-2023. Истрагата за исчезнувањето на Медлин веќе го чинеше даночниот обврзник повеќе од 13 милиони фунти откако беше покрената пред 12 години.

Семејството МекКен сè уште се бори додека германските детективи, поддржани од португалските полицајци, го пребаруваат езерото и околината на браната, на речиси 50 километри од местото каде што тригодишното девојче исчезна во мај 2006 година.

Според британските медиуми, Кејт и Џери ќе ја информираат јавноста за секој чекор од новата истрага. На последната тажна годишнина, родителите на исчезнатото девојче изјавија дека „полициската истрага продолжува“ и дека „чекаат напредок“.

Додека полицајците ја пребаруваат областа, која главниот осомничен Кристијан Брукнер ја опиша како негов „мал рај“ во Португалија, Кејт и Гери ќе останат дома во Ротли, Лестершир, со нетрпение очекувајќи каква било вест. Тие одбиваат да веруваат дека нивното дете е мртво додека не се најдат нејзините останки.

- Кејт и Џери нема да се откажат од надежта додека телото не се најде и не се докаже дека е на Медлин. Тие се запознаени со најновите пребарувања и ќе бидат информирани на секој чекор од патот. Тие се во состојба на неизвесност, не знаејќи дали ќе има пробив или не. Ова е уште еден очајно тежок период за нив. Тој тенк е пребаран порано и германската полиција може да го пребара колку сака, но тоа не значи дека ништо ќе најде - вели поранешниот портпарол на родителите, Кларенс Мичел.

Медиумите јавуваат дека се очекува полицијата неколку дена да ги ископа матните води кај Силвес, која е ставена во зона забранета за летови. Затворениот сексуален престапник Брукнер (45) е именуван како главен осомничен за исчезнувањето на Медлин пред три години.

Германските власти беа убедени дека таа е мртва и имаа намера да го обвинат за нејзиното киднапирање иако телото никогаш не беше пронајдено. Брукнер жестоко негираше каква било вмешаност во киднапирањето.

Медлин исчезна од апартанто на летниот одмор додека спиеше сама со своите помали браќа и сестри близнаци Шон и Амелија. Кејт и Џери во тој момент биле на вечера во блискиот ресторан со пријателите.

Медлин сега би имала 20 години.

ФОТО: EPA-EFE/LUIS FORRA

Можеби ќе ве интересира

НОВА ДРОГА НА УЛИЦИТЕ: Поопасна е од хероин, на корисниците им се распаѓа ткивото

НОВА ДРОГА НА УЛИЦИТЕ: Поопасна е од хероин, на корисниците им се распаѓа ткивото

БРЕГЗИТ НЕ МУ ПОМОГНА НА ЛОНДОН, НИКОГАШ НЕМАЛО ПОВЕЌЕ НОВИ ИМИГРАНТИ: Балканската рута повторно најкритична

БРЕГЗИТ НЕ МУ ПОМОГНА НА ЛОНДОН, НИКОГАШ НЕМАЛО ПОВЕЌЕ НОВИ ИМИГРАНТИ: Балканската рута повторно најкритична

КАКО ИЗГЛЕДА ЗАТВОРСКИОТ ДЕН НА МИЛИЈАРДЕРКАТА ОД СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА: Холмс станува во 6.00 и има саатнина од 0,12 долари, вака цели 11 години

КАКО ИЗГЛЕДА ЗАТВОРСКИОТ ДЕН НА МИЛИЈАРДЕРКАТА ОД СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА: Холмс станува во 6.00 и има саатнина од 0,12 долари, вака цели 11 години

ДЕТАЛНА ЛЕТНА ПРОГНОЗА ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА, БАЛКАНОТ ПОД ГОЛЕМ РИЗИК ОД ПОПЛАВИ: Скандинавија ќе ја зафатат пожари

ДЕТАЛНА ЛЕТНА ПРОГНОЗА ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА, БАЛКАНОТ ПОД ГОЛЕМ РИЗИК ОД ПОПЛАВИ: Скандинавија ќе ја зафатат пожари

ОД 200 СЕГА СЕ САМО 12 СИМПТОМИ НА ДОЛГ КОВИД: Објавена е нова научна студија

ОД 200 СЕГА СЕ САМО 12 СИМПТОМИ НА ДОЛГ КОВИД: Објавена е нова научна студија

Макрон ги искара властите во Приштина, потпишаа договор, ама не го почитуваат

Макрон ги искара властите во Приштина, потпишаа договор, ама не го почитуваат

Австралиски вулкан во близина на Антарктикот исфрла лава

Австралиски вулкан во близина на Антарктикот исфрла лава

НАТО испраќа 700 војници на Косово и ќе прати уште ако има потреба

НАТО испраќа 700 војници на Косово и ќе прати уште ако има потреба

УКРАИНА ТВРДИ: Во секое време знаеме каде се Путин и Пригожин

УКРАИНА ТВРДИ: Во секое време знаеме каде се Путин и Пригожин