Уште 2 големи странски инвестиции влегуваат во Македонија?
Објавено во: Економија 16 Јануари, 2013 16:47
Премиерот Никола Груевски најави дека во следниот месец во Македонија ќе влезат уште две нови странски инвестиции од големи компании.
„Имаме објава на една турска компанија којашто ќе отвори фабрика во Македонија поврзана со фармацевтската индустрија. Во наредните три-четири недели, очекуваме најмалку уште две крупни компании да го објават својот влез во Македонија. Можеби и повеќе, но најмалку две компании, според сознанијата што ги имаме. Вообичаено не можам да зборувам за имиња додека самите не ги објават своите намери и не не овластат тоа да го направиме. Се додека не се случи тоа ние сме мошне внимателни“, појасни Премиерот.
Тој информираше дека имало поголем број компании што сакаат да отворат нови фабрики, а Македонија е влезена во потесен круг од три - четири држави меѓу кои треба да се одлучат каде ќе ја реализираат својата нова инвестиција.Груевски посочи дека и годинава Владата ќе остане посветена на привлекувањето странски инвестиции со цел отворање на нови работни места.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





