УШТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ РЕСТРИКЦИИ, ОД 4 МАЈ ОТВОРАМЕ СЕ, Вучиќ бара уште малку трпение
Објавено во: Балкан 24 Април, 2020 11:13
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека очигледно епидемијата попушпта, и дека со слушање на препораките од здравствената фела, животот може да се врати во нормала.
Во Србија и овој викенд ќе биде на сила полицискиот час. Забраната за движење ќе започне денес во 18 часот и ќе трае до 5 часот во понеделник, објави српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Може да бидете лути на мене колку што сакате. Ги слушав лекарите вчера и неколку дена претходно, и тие се за тоа да се продолжи забраната за движење уште најмалку две недели, особено за време на викендите, кога се најголемите гужви“, објасни Вучиќ.
Како што предупреди тој, денес ја плаќаме цената на недисциплината од пред 21 ден, кога имаше многу луѓе на улиците во текот на викендот.
„Тоа што сега имаме подобрување, тоа се должи на претходните викенди. Нема олабавување, иако епидемијата се смирува. Сегашниот успех е резултат на последните три и пол дена недвижење. Очекуваме овие резултати дополнително да бидат потврдени во наредните денови“, рече Вучиќ.
Затоа, се планира постепено да се враќа сообраќајот во нормала, како градскио, така и меѓуградскиот.
„Ако сè оди добро, земете сè условно, очекувам делумно обновување на воздушниот сообраќај по први мај, ќе започнеме со делумно отворање на меѓуградскиот сообраќај, а по 4 мај со делумно отворање на јавниот превоз. Нема да одиме со 100 процентен капацитет, ќе внимаваме на гужвите, но ќе мора да има најригорозни мерки, маски секако. Ќе се обидеме да ги избегнеме гужвите“, рече Вучиќ.
Тој потсети дека другите продавници стартуваат следната недела, а од 4 мај „се останато“.
„Подгответе се да започнее со работа“, рече тој, истакнувајќи дека 80 проценти од Србија не работела за време на вонреднат состојба.
ММФ проценува дека Србија ќе помине најдобро кога станува збор за економскиот раст, рече претседателот.
„Некои луѓе мислат дека ја отвораме економијата премногу рано, но нашето стопанство мора да тргне како ракета. Треба да ги забрзаме јавните инвестиции за да го зголемиме БДП. Ќе дадеме се од себе за економскиот раст да миде меѓу - 1 и - 1,5 проценти, дури и подобро од проценката на ММФ. Ако можеме да ги забрзаме ‚Патишта на Србија', да се движат побрзо, бидејќи тие спиеја за време на вонредната состојба. Односно работеа, но не со доволно интензитет“, објасни тој.
Вучиќ најави дека ќе излезе со ребаланс на буџетот и дека Србија ќе гледа да не го надмине дефицитот од седум проценти, со цел да можат да се спроведат сите мерки.
Фото Курир.рс
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





