Уште еден парк ќе се гради во Аеродром, во овој ќе има и диви животни!
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2013 13:34
Општина Аеродром објави конкурс за изработка на идејно архитектонско–урбанистичко решение за голем зелен парк. Конкурсот ќе трае до 11 март годинава a со носителот на избраниот најкреативен труд, општината ќе потпише договор за изработка на основен проект.
Како критериуми се наведуваат : креативност и инвентивност, оригиналност, репрезентативност, современ третман на објектот, економичност и задоволување на меѓународните прописи и нормативи.
Во идејното решение треба да бидат застапени содржини на површина од над 25 хектари. Во паркот ќе има повеќе видови мајмуни, срни, елени, пони коњчиња, желки, фазани и други видови домашна живина, зајаци, птици, диви кози, верверички, водена флора и фауна и друго.
Паркот треба да биде хортикултурно уреден со висока и ниска вегетација и да содржи пешачки патеки, ресторан, детски катчиња со игралишта за најмладите, тениски игралишта, лизгалиште, терен за голф, едно големо и неколку помали меѓусебно поврзани езера, како и многу други содржини предвидени во проектната програма
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино





