05 Декември, 2025
0.0424

Уште една шанса за елитна населба Зајчев рид, општина Карпош ќе носи нови урбанистички планови

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2013 08:26

Добивај вести на Viber

Новите детални урбанистички планови за населбата Зајчев рид поминаа на јавна анкета во општина Карпош, а веќе во тек е процедурата за нивно донесување. Долгонајавуваната елитна населба Зајчев рид најверојатно ќе види бел ден по донесување на двата нови детални урбанистички планови од страна на општина Карпош. Идејата за изградба на луксузна населба зад Управата за хидрометеоролошки работи најпрво треба да се реализира со продажба на државното земјиште, кое пак, зафаќа само 15% од вкупната локација кај Зајчев рид. Остатокот го поседуваат приватни лица. „Процедурата за донесување на ДУП за Зајчев рид 1,2 и 3 и 4 е во тек. Поминати се на јавна анкета. Како и кога ќе се гради населбата ќе зависи од сопствениците на земјиштето или од евентуални инвеститори. Најголем дел од земјиштето е во приватна сопственост, не е државно, така што самите сопственици си одлучуваат за градењето“, вели Виолета Цветковска, портпарол на општина Карпош Идејата за изградба на елитната населба Зајчев рид датира уште од 2007 година кога локацијата во деталниот урбанистички план на општина Карпош беше пренаменета за изградба на елитна бизнис населба по светски стандарди. Но, нејзината реализација досега ја кочеа нерешените имотно правни односи и тоа што најголем дел од земјиштето е во приватна сопственост. Било кој инвеститор да реши таму да гради ќе треба да преговара со многу луѓе за да купи само една парцела. Затоа општината реши да направи измени на урбанистичкиот план за Зајчев рид,  со кои се врши репарцелизација на теренот, со цел граѓаните да можат полесно да ги оформат градежните парцели, во приватна сопственост. Со продажбата на земјиштето во државна сопственост ќе раководи општина Карпош, но цената за земјиштето се уште не е утврдена. Висината најверојатно ќе ја определи Владата. Зајчев рид, елитна населба во која дневно може да гравитираат и до 24.000 луѓе Според првичните најави, зад објектот на Управата за хидрометеоролошки работи, на локалитетот Зајчев рид, треба да се гради нова елитна населба со резиденцијални куќи со дворови, два плоштада, хотел, болница, црква, и уште многу други објекти. Атрактивната градежна локација Зајчев рид се простира на површина од 150 хектари. Станува збор за стотина градежни парцели, а според проектантите населбата може да поднесе дневна гравитација од 24 илјади луѓе. Локацијата има простор и за изградба на спортски објекти од отворен и затворен тип како и за изградба на мали, елитни мини населби. Во населбата, според првичниот план, предвидено е да се влегува од четири места, од Момин Поток,од Качанички пат, булеварот Словенија како и од потегот што води кон населбата Бардовци С.Н.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите