Добивај вести на Viber
Министерството за култура ќе и плати дополнителни 457 илјади евра на српската фирма Светлост театар за изведување дополнителни, непредвидени работи на театарот во Велес кои не биле вклучени во основниот договор.
Според договорот објавен на Бирото за јавни набавки, фирмата треба да врши инсталација и пуштање во работа на сценската механика. Досега во изградбата на велешкиот театар државата потроши 3,5 милиони евра а истиот треба да биде целосно завршен пролетва.