УСЈЕ ќе дели 18,5 милиони евра дивиденда! Има ли тревога во Народната банка?
Објавено во: Економија 23 Ноември, 2020
Одборот на директори на УСЈЕ одлучи да подели авансна дивиденда од 18,5 милиони евра во бруто износ односно 2.014 денари бруто по акција. Дури 95 отсто од парите ќе бидат девизен одлив кај доминантниот акционер „Титан Цемент“ со седиште во Холандија
Една од најуспешните домашни извозно-ориентирани фирми објави дека планира да исплати аванасна дивиденда за работењето во првите три квартали годинава во износ од 18,5 милиони евра. Цементарницата „Усје“ објави дека Одборот на директори на таа банка, согласно статутарните овластувања, одлучил да донесе одлука за распределување на авансна дивиденда во бруто износ од 18,47 милиони евра односно во износ од 2.014 денари во бруто износ по акција. Тоа значи дека нето износот на дивиденда по акција ќе биде 32,7 евра по акција односно за домашните акционери физички лица дивидендата изнесува 1.813 денари за акција.
Акциите носат дивиденда на сопствениците со пресек 3 декември годинава. Тргувањето без право на дивиденда стартува од 4 декември годинава. Во одлуката пишува дека исплатата на дивидендата ќе се изврши до крајот на декември годинава.
Наскоро ќе видиме дали централната банка ќе реагира на оваа одлука како во случајот што неодамна реагираше по објавата на предлог-одлуката за поделба на дивиденда што ја објави НЛБ Банка.
Скопската Цементарница „Усје“ продолжува да го држи приматот на една од најуспешните домашни извозно ориентирани компании, покажуваат нејзините финансиски резултати за првите девет месеци година. „Усје“ за првите 270 дена година има приходи од продажба во износ од 57 милиони евра што е за 1 отсто повеќе од лани. Резултат остварен во услови на бројни бизнис ограничувања и намалена побарувачка на глобално ниво. Очигледно дека „Усје“ успешно ги менаџирал овие процеси и ги антиципирал во своето работење така што финансиски гледало „короната“ не успеала „ни да го такне“ работењето на „Усје“.
Изненадувачки позитивно е тоа што домашниот пазар генерира раст за 6 отсто на приходите на „Усје“ за првите девет месеци годинава. Од продажба цементарницата инкасирала 39,1 милиони евра од домашен пазар што е за 6 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Во мала мерка потфрлил извозот на „Усје“ во првите девет месеци годинава. Во споредба со лани е понизок за 8 отсто и изнесува 17,9 милиони евра.
На расходната страна состојбата е следна: оперативните трошоци изнесуваат 38,6 милиони евра и се за 7 отсто пониски од истиот период во 2019 година. Логично најголема расходна ставка се трошоците за за суровини и материјали на кои отпаднале 17,7 милиони евра односно безмалку половина од сите трошоци на друштвото. За истакнување е тоа што оваа ставка менаџментот на „Усје“ успеал да ја снижи во споредба со лани за 7 отсто, а притоа да оствари исто ниво на приходи како и лани. Тука всушност е клучот на успехот на „Усје“ во зголемувањето на профитот во споредба со истиот период лани. Кај „Усје“ трошоците за вработените се на исто ниво како и лани и изнесуваат 3,75 милиони евра.
Во ваква констелација на приходи и расходи оперативната добивка на друштвото е зголемена за 21 отсто до ниво од 20,5 милиони евра. По одбивање на износот за данок нето добивката на „Усје“ за првите девет месеци изнесува 18,5 милиони евра и тоа е за 21 отсто подобар резултат од лани.
Од аспект на пазарот на капитал акцијата на „Усје“ уште еднаш покажа дека е високо квалитетен и доверлив материјал за тргување.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.