Успеа ли Ципрас да ја маѓепса Европа?
Објавено во: Балкан 13 Јули, 2015 20:44
Пoсле долгата средба во Брисел, која траеше рекордни 17 часа, Грција и лидерите на еврозоната постигнаа договор. На прв поглед барањата можат да бидат опишани како премногу тешки за Атина, но дали навистина е така?
Буквално за три дена грчкиот премиер Алексис Ципрас треба да ја убеди прво својата влада за бараните законски измени. Тие предвидуваат зголемување на ДДВ за голем број на активности, предложени од Атина, како и проширување на даночната основа, која ќе влијае главно на бродските производители - мерка повторно предложена од Атина и поддржана од радикалната левица.
Пензиските реформи, кои треба да биде протуркани во владата и парламентот, предвидува зголемување на возраста за пензионирање до 67 години до 2022 година. Оваа мерка исто така беше предложена од Владата на Ципрас иако неволно беше одобрена од неговите сојузници и опозицијата во грчкиот парламент.
Болно ќе се покаже запирањето на специјалните помагала кои се доделуваат на најсиромашните пензионери. Тоа сепак ќе започне од 2019 година, а и ништо не ја запира Владата при постоење на дополнителни приходи да предвиди нова поддршка за пензионерите.
Парламентот треба да имплементира неколку европски директиви за кои Грција и онака има обврска како член на Европската унија.
Друга важна промена ќе бидат реформи во судскиот систем, кои предвидуваат измени во Граѓанската постапка, што е тешко да се процени дали ќе стане само за три дена. Законските измени ќе треба да ја обезбедат и независноста на статистичката служба.
Дотука работите не изгледаат толку комплицирани, иако реакциите во СИРИЗА тешко можат да бидат предвидени. Битката во парламентот небаре изгледа полесна - опозицијата веќе со задоволство ја поддржа владата на Ципрас.
Најконтроверзен момент всушност е создавање на специјалниот фонд за приватизација на средства, кој треба да собере 50 милијарди евра. Ципрас сепак успеа да се избори тој да не биде со седиште во Луксембург и управуван од германската банка за развој KfW, а да биде со седиште во Грција и управуван од грчките власти.
Во прилог грчкиот премиер успеа да обезбеди поддршка за банките во земјата во вредност од најмалку 25 милијарди евра. А од зборовите на Ангела Меркел по крајот на средбата може да се заклучи дека во еден момент Атина може да смета и на можноста, ако не да добие простување на долгови, барем да ги реструктуира.
И така, како исцртување на линијата, Грција ќе добие 86 милијарди евра спасувачка програма, ветувајќи ги речиси истите работи, за кои Европа настојуваше во почетокот на јули. Тогаш сепак доверителите нудеа исплатата на последната транша од втората спасувачка програма во вредност од 7,2 милијарди евра. Сега Атина ќе добие неколку пати повеќе.
За целта сепак Алексис Ципрас ќе треба да ја маѓепса владата и парламентот. Во последните 24 часа тој покажа дека успева да се справи со тешки предизвици.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




