18 Декември, 2025
0.2685

Успешната приказна на ВФП Фонд Менаџмент продолжува

Објавено во: Економија 12 Мај, 2022 14:45

Добивај вести на Viber

Основен принцип на работење на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје е градење доверба меѓу Друштвото и инвеститорите. Во текот на осумте години присутност на македонскиот пазар, ваквиот начин на работење го направи ВФП Фонд Менаџмент едно од најпрепознатливите друштва за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, кое голем број инвеститори го сметаат за најсигурен партнер за остварување на своите финансиски цели.

Успешната работа доведе до сериозен раст на Друштвото, што резултираше со зголемување на тимот и проширување на обемот на услугите. Со тоа и потребата за нов и функционален деловен простор стана неизбежна, па во изминатиот период компанијата активно работеше на наоѓање на нова локација која ќе ги задоволи потребите на Друштвото, но и ќе биде во склад со новите трендови и начини на работа. Со цел да одговори на новите потреби, ВФП Фонд Менаџмент, заедно со другите две компании од ВФП Групацијата, ВФП АД Осигурително брокерско друштво и ВФП Плус Консалтинг ДОО, склучи договор со Луна Корпорација за купување на деловен простор во центарот на Скопје. Се работи за модерен деловен простор, од околу 1000 м2, кој е дизајниран да понуди максимално добри услови за брзо, ефикасно и соодветно опслужување на инвеститорите.

„Како што расте нашиот обем на работа и бројот и потребите на нашите инвеститори, расте и нашиот тим од портфолио и риск менаџери, аналитичари, лица за односи со инвеститори и усогласеност со законски прописи, поради што во наредниот период работењето ќе го префрлиме на новата локација каде добиваме нов, модерен и функционален простор за работа. Во новите простории ќе имаме перфектни услови да продолжиме со квалитетна услуга за нашите инвеститори, но и да понудиме нови, софистицирани инвестициски продукти. Инвестицијата во ново седиште на нашата компанија е и доказ за исклучителната посветеност на ВФП групацијата на македонскиот пазар и сериозните намери овде долгорочно да продолжиме да ја градиме веќе препознатливата успешна приказна на ВФП во целиот регион.“– Петар Андреевски, Главен извршен директор на ВФП Фонд Менаџмент.

Успешното работење на Друштвото на македонскиот пазар се должи на 30 годишното професионалното искуство и австриското know-how на WVP Group, како и на високиот квалитет на кадарот кој е дел од компанијата во Македонија.  ВФП групацијатa е основана во 1985 година во Грац, Австрија и работи во полето на напредни финансиски услуги. Приказната пак, на WVP Group во Македонија започнува во 2005 година преку Осигурително брокерското Друштво ВФП АД Скопје. Денес, покрај осигурителното брокерско друштво, постојат и успешно фукнционираат ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје и ВФП Плус Консалтинг ДОО.

Заклучно со 30.04.2022, ВФП Фонд Менаџмент има вкупно 93 милиони евра под управување, 6200 инвеститори во фондовите, 33% пазарно учество, а ВФП Премиум Инвест е најголемиот акциски фонд во Македонија со преку 38 милиони еврапод управување.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа