Успешно евакуирана Македонката од Вухан
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2020
Државјанка од Македонија успешно е евакуирана од кинескиот град Вухан, каде што е жариштето на смртоносниот корона вирус, соопшти Министерството за надворешни работи.
Од таму дополнуваат дека македонска државјанка е превземена на нејзино барање со посредство на амбасадите на нашата држава во Пекинг и Париз, а што е најважно е дека нејзината здравствена состојба е добра и не постојат симптоми на корона вирусот. Министерството е во постојана комуникација со Македонката преку своите амбасади и со властите преку кои се спроведува евакуацијата.
Евакуацијата беше спроведена преку приклучување кон Програмата за евакуација на Франција, која за оваа намена организираше специјален лет кој што денеска слета во воена база на југот во Франција, а во истиот се качија и државјани од другите балкански земји.
– Пред да го продолжат патот до своите матични држави, патниците ќе бидат евакуирани во помал град на југот на Франција, каде ќе подлежат на задолжителен карантин во трaење од 14 дена, што е воспоставен протокол за евакуација на сите патници од Вухан, информира МНР.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.