19 Декември, 2025
0.0373

Усвоен е Ребалансот на Буџетот за 2025: Димитриеска-Кочоска вели дека секоја ставка во ребалансот има цел

Објавено во: Економија 22 Јули, 2025 19:29

Добивај вести на Viber

Собранието денеска го усвои Предлогот за ребаланс на Буџетот за 2025 година, што претставува одраз на одговорно и флексибилно управување со јавните финансии во услови на динамични економски предизвици.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, изрази благодарност до пратениците за конструктивната расправа, која уште еднаш покажа дека сите работиме во интерес на граѓаните и стабилноста на економијата.

„Ребалансот не е само техничка корекција, туку резултат на анализа на тековните економски движења и прилагодување на приоритетите“ кажа министерката.

Со усвојувањето на ребалансот се овозможува реалокација на средства меѓу буџетските корисници во согласност со актуелните приоритети, како и дополнително финансирање на проекти кои имаат забрзана динамика на реализација и носат значајни придобивки за развојот на земјата. Во оваа насока, се обезбедени дополнителни средства за области како што се животната средина, енергетиката, културата, образованието и здравството, со посебен акцент на набавка на инсулин и медицинска опрема.

Исто така, преку ребалансот се обезбедени и средства за зголемување на платите за вработените во Министерството за внатрешни работи, како и средства за исплата на зголемените пензии преку Фондот за ПИОМ. Министерката истакна дека економската проекција за раст останува на 3,7%, што се темели на досегашните остварувања и се очекува да биде поддржана од инвестициите, кои се главен двигател на економијата.

Ребалансот исто така ја потврдува заложбата за стабилност на домашната економија преку поддршка на домашните компании преку евтини кредити, реализација на општински инфраструктурни проекти, како и имплементација на инвестициски циклуси и проекти со стратешките партнери, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво.

Во состав на ребалансот, предвидени се дополнителни 800 милиони денари за зголемување на плати, 2,5 милијарди денари за исплата на зголемени пензии, нови 300 милиони денари за капитални проекти. Исто така, се вклучени и амандманите усвоени во Комисијата за финансирање и буџет, со кои се обезбедуваат дополнителни средства за инфраструктурни проекти, социјални надоместоци и образовни програми.

Станува збор за дополнителни 6 милиони денари за проектна документација за нова сообраќајница во општина Куманово во Буџетот на Министерството за транспорт, дополнителни 50 милиони денари за исплата на социјални надоместоци во буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и 5 милиони денари за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Буџетот на Министерството за образование и наука.

„Секоја ставка во овој ребаланс е заснована на реална потреба и на анализа на ефектите. Тоа не се трошоци, туку инвестиции во општествена стабилност, човечки капитал и инфраструктура,“ рече Димитриеска-Кочоска.

Министерката посочи и дека инфлацијата и ценовните притисоци се сериозен предизвик, но дека државата одговорила со јасни и навремени мерки.

„Во услови на инфлаторен удар, не заостанавме со ниту една обврска кон граѓаните. Пензиите, платите и социјалните трансфери се исплаќаат навремено. Тоа е одговорност, не популизам“, подвлече таа.

Во однос на обвинувањата за „предизборен подкуп“, министерката истакна дека ребалансот е дел од редовна фискална постапка која одговара на реалната економска слика.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии