09 Октомври, 2024
0.0288

Утре и задутре во Скопје ќе се чисти наголемо

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Расчистување на дивите депонии, метење и миење на сите градски и општински улици, кастрење гранки и косење трева, пополнување ударни дупки и засилени инспекциски контроли – овие активности ќе ги опфати големата акција за чистење и уредување на јавните градски површини која ќе се одвива утре и задутре, а ќе ја реализираат Град Скопје, градските јавни претпријатија и скопските општини. Во текот на утрешниот ден акцијата ќе се одвива во општините Сарај, Ѓорче Петров, Карпош, Центар и Кисела Вода, а во сабота ќе се работи во Аеродром, Шуто Оризари, Гази Баба, Чаир и во Бутел.

-Во оваа акција ќе се вклучат сите технички и човечки потенцијали во јавните градски претпријатија, помогнати од градската администрација и општините. Ги повикувам сите граѓани кои се заинтересирани да живеат во почист и поубав град да се приклучат на оваа масовна акција – рече градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција, на која ја најави акцијата за расчистување.

Тој нагласи дека по оваа акција за чистење ќе следува засилен инспекциски надзор и од градот и од општините, со цел да се спречи повторното создавање диви депонии на истите места.

-Повикувам граѓаните да се придржуваат кон начинот и редот на фрлање на отпадот. Ние работиме на концепт кој во текот на август ќе го понудиме на граѓаните – на 3 до 5 локации во точно определени денови во нивните општини, значи на повеќе од 50 локации во нашиот град, граѓаните ќе може слободно и бесплатно да го остават кабастиот отпад. Сите треба да внимаваме каде го фрламе отпадот за нашиот град да стане и почист и поубав – рече Шилегов.

На денешната прес-конференција присуствуваа и градоначалниците на повеќето скопски општини, како и директорите на скопските јавни претпријатија.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл