Утре или задутре ќе има детали за поднесени пријави за протестот за „Монструм“
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2021
Утре или задутре ќе има детали за поднесени пријави за протестот за случајот „Монструм“.
Ќе има кривични и прекршочни пријави за протестот кој се одржа минатата недела во Скопје, при што демонстрантите скандираа големоалбански пароли и фрлаа камења. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ова го соопшти денеска откако на дебата за измените во Законот за полиција, пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека во изминатиот период полицијата селективно постапувала и го спомена настанот од Вевчани.
„Детално ќе информираме утре или задутре врз основа на тоа што ќе биде сработено и завршено до крај од одделот за насилен криминал и јавното обвинителството. Така што никаде нема состојба каде не се преземаат дејствија. Само се прави процена како и на кој начин да ја зачуваме состојбата на задоволително ниво и да не настанат поголеми штети. Меѓутоа одговорноста секако ќе има“, рече Спасовски.
Протестот се одржа во петок откако во завршните зборови во повторениот судски процес обвинителката Фатиме Фетаи остана на обвинението дека во случајот со петкратното убиство кај Смилковско Езеро од 2012 година, станува збор за тероризам и побара доживотен затвор за тројца обвинети, за двајца максимални затворски казни, а за еден побара ослободителна пресуда. Демонстрантите ја навредуваа Фетаи и бараа нејзина оставка.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.