Утре се гаси сервисот за онлајн-обложување во Македонија, обложувалниците бараат од Владата да го продолжи рокот на уредбата
Објавено во: Економија 21 Декември, 2020 13:11
Утре истекува рокот на уредбата со која што на приредувачите на игри на среќа шест месеци имаа дадена можност од Владата да организираат онлајн-обложување во текот на корона-кризата. Обложувалниците велат дека утре се гасат сервисите, а државата ризикува да изгуби стотици милиони денари.
- Клиентите веќе стекнаа навика да се обратат кај домашните лиценцирани приредувачи на интернет игри на среќа. Ако не се најде решение, ќе ја загубиме довербата кај играчите и кај странски сајтови ќе се губат до 50 милиони евра. Со носењето на уредбата пред шест месеци во меѓувреме од наша страна се направени инвестиции во софтвер, хардвер, маркетинг и човечки ресурси, што сега би биле залудно вложени средства, рече денеска Васко Илијевски, претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници.
Тој ја повика Владата да наје правно решение за да се продолжи законски рокот. Заради тоа до Владата и до Министерството за финансии испратено е предлог-решение за имплементација во законот, за кое приредувачите на игри на среќа бараат итно да се донесе.
- Во ова обложување има и придовивки за здравјето, а од мај годинава до декември , од ова услуга се слеале околу 100 милиони денари во буџетот, додаде Илијевски.
Само шест месеци беше уредбата за онлајн-обложувањето, играчите ги стекнаа тие навики. Тоа беше само уште еден механизам за играчите, а бевме межу првите кои беа затворени, Бевме два месеци комплетно затворени.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




