19 Декември, 2025
0.0456

Утре се отвора Саемот за градежништво, најавени се 300 изложувачи

Објавено во: Економија 04 Март, 2013 19:15

Добивај вести на Viber

Од утре па се до сабота на Скопскиот саем во Скопје, ќе се претстават околу 300 компании од областа на градежништвото, во рамките на 10-тиот Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација. Освен од земјава, претставници ќе има од Србија, Турција, Италија, Словенија, Косово и Германија. Во три изложбени хали на површина од 9.000 метри квадратни ќе претстават градежни материјали, изолација, кровови, малтери, лепаци, бои и лакови, подови, лифтови, системи за обезбедување, плочки и санитарии, врати и прозори. Во надворешниот изложувачки простор пак, ќе се претстават компании со програма од градежната механизација.
„Саемот за градежништво и оваа година ќе понуди богата програма од градежната индустрија, а капацитетот е зголемен за 10 проценти во однос на минатата година. Ќе се промовираат, нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти, а сето тоа ќе привлече експерти од областа на градежната индустрија кои ќе дискутираат и склучуваат зделки  во кои ќе ги вклучат и новите трендови во повеќе категории“, изјави oперативниот директор на Саемот за градежништво Валентина Димитрова.
За време на Саемот ќе биде најавената понудата од инвеститорите на 1.500 нови станови, на најголемите градежни компании во земјава. Во рамки на годинешната програма ќе се одвиваат и повеќе настани во Конгресниот центар на Скопски саем и на штандовите на изложувачите. Во среда ќе се одржи презентацијата на тема „Искористување на волната и текстилниот отпад во изработката на изолациски материјали за градежната индустрија”, во организација на Агенцијата за енергетика, CeProSARD и Скопски саем. Проектот „Урбан Еко Експо 2013“ ќе има промоција во Метрополис Арена, каде секојдневно ќе се одвиваат презентации и промоции на тема „Зелена урбана палета“.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар