26 Април, 2024
0.0294

УТРИНСКИ ФОКУС: И други бизнисмени пријавиле рекет - Верушевски со функција во СДСМ

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

И други бизнисмени го пријавуваат рекетот, истрагата останува кај Боки 13 и Кичеец

Еден пријавил па почнала истрагата, но по обелоденувањето на случајот и некои други бизнисмени пријавиле во Јавното бвинителство дека биле уценувани. Во случајот Рекет осомничени се Бојан ЈОвановски и Зоран Милески кои изнудувале пари за да имаат влијание кај некој јавен обвинител. Стана јасно дека еден од сведоците за кои се тврди дека е Орце Камчев пријавил дека му изнудиле 1,5 милиони евра.

Бизнисменот Зоран Азманов тврдеше и јавно, тој најави и кривична пријава, додека во јавноста се вртеа многу имиња, познати бизнисмени за кои дел од медиумите тврдеа дека дури и платиле. Сепак тоа не се потврдува, иако од обвинителството тврдат дека веќе има пријави. Како ќе се одвива истрагата и дали ќе биде проширена ќе се знае набрзо, иако од Обвинителството велат дека може да се превземат мерки само кога ќе имаат доволно докази. 

Верушевски со „тежок багаж“ зад себе доби партиска функција во СДСМ

СДСМ на Централниот одбор ги избра претседателите на повеќе партиски комисии, а најголемо изненадување предизвика тоа што за претседател на комисијата за внатрешни работи е избран Зоран Верушевски.

Екс директорот на ДБК го носи товарот на контраверзна личност, барем таква е перцепцијата на јавноста, иако за добар дел од стручњаците тој е врвен професионалец кој солидно ја владее материјата безбедност и разузнавање. 

Верушевски потекнува од Струга. Тој е доктор на науки. Докторира во 1992 година на Факултетот за безбедност во Скопје, на тема „Терористичките акти на емиграцијата во југословенско - германските екстрадициони односи до почетокот на деведесетите години. Во биографијата на Верушевски стои и ангажманот, декан на ФОН Универзитетот на Факултетот за детективи и безбедност. 

Муцунски: Ни треба силно обвинителство, антипод на СЈО кое ќе се бори, а не создава највисока корупција

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски нема да присуствува на лидерската средба која ја свика премиерот Заев. Главното барање на ВМРО-ДПМНЕ е да се разговара за предвремени парламентарни избори велејќи дека состојбата е неодржлива и потребни се големи промени, но притоа се поставија прашања како ќе продолжи неопходниот политички дијалог во Македонија и како се решат клучните прашања за реформи во правосудството. Затоа разговараме со Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ за улогата на опозицијата во наоѓање конечно решение за правосудните органи, како тие гледаат на скандалот со случајот „Рекет“, дали партијата може да докаже дека се оградува од грешките во минатото и поранешните функционери кои се вмешани во корупција, како и перцепцијата дека се игра на картата за „потајна амнестија“. Според Муцунски никаков партиски притисок не смее да биде извршен врз институциите додека трае истрагата која треба да биде брза и ефикасна но, мора да се крене и гласот против неправдата. Открива и детали како ќе продолжи да делува опозицијата во наредниот период и зошто треба да се внимава со форматот на лидерски средби.

Се бараат избори и експертска Влада: Кон што води откажувањето на лидерската средба

Лидерска средба најверојатно нема да има. Извори од СДСМ синоќа брифираа дека лидерот Зоран Заев им соопштил на сопартијците дека форматот на средбата без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема смисла. 

Претходно во денот, а пред Централниот одбор на СДСМ, од најголемата опозициска партија соопштија дека претседателот на партијата, Христијан Мицкоски нема да учествува на ваква средба со образложеие дека единствено ќе прифати да разговара за закажување предвремени парламентарни избори.  Заев пак, ја закажа лидерската за да се зборува за Изборниот законик, за пописот и за Законот за обвинителство.

Македонците со двојно повеќе „дебели“ кредити, купуваат поскапи недвижнини и автомобили

Околу 30 илјади кредити исплатени kaj банките биле со вредност од над 15.000 евра минатата година, покажуваат извештаите од кредиторите испратени до Управата за финансиско разузнавање во 2018. Конкретно вакви се 29.793 кредити, што е речиси двојно повеќе од последната евиденција за 2015 кога од страна на македонските поединци и фирми биле подигнати 16.455 кредити со вредност од над 15.000 евра.

Банките и другите финансиски институции се обврзани да ги пријавуваат сите кредити над 15.000 евра во Управата за финансиско разузнавање, исто како тоа што мора да го направат со сите трансакции поголеми од оваа сума и евидентирани позајмици. Се поголем е бројот и на поскапите недвижнини, автомобили и осигурителни полиси што ги купуваат.

УТРИНСКИ ФОКУС: И други бизнисмени пријавиле рекет - Верушевски со со функција во СДСМ


Можеби ќе ве интересира

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени