Утрово дваесетина потреси во различни земји
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2017
Дваесетина потреси утрово се регистрирани во различни земји.
Повеќе потреси имало во Турција, Италија, Грција и еден во северен Иран.
Сите потреси се послаби со јачина меѓу 2 и 3 степени, освен оној од Иран кој е со јачина од 4.6 степени. Во Италија два потреси се со 3.1 степен и 3.8 степени.
Последниот земјотрес бил пред 15 минути во источна Турција и бил со интензитет од 2.7 степени.
Италија деновиве е погодена од повеќе земјотреси. Само за една ноќ тие почувствуваа 80 потреси неделава, по што снежна лавина затрупа планински хотел.