17 Декември, 2025
0.0458

Утврдени насоките за продажба на Хипо Алпе Адриа на Балканот

Објавено во: Балкан 17 Октомври, 2014 10:51

Добивај вести на Viber

Собранието на акционери на австриската Хипо Алпе Адриа банката ги постави насоките за продажба на банките-ќерки во цела југоисточна Европа. Акционерите одлучиле „СЕЕ Холдинг“ со соте ќерки-банки на Балканот да бидат предадени на посебно правно лице во австриска државна сопственост, а остатокот од Хипо банката надвор од балканските земји да премине во банка за разградување, што подразбира нерентабилните деловни единици постепено да се гаснат. Исместениот „СЕЕ холдинг АГ“ со банките на Балканот во иднина ќе делува како Хипо Груп Алпе Адриа АГ и австриската држава треба да го продаде во текот на овој месец. Во моментов се водат преговори само со еден понудувач, американскиот фонд Адвет. Претседателот на управниот одбор на Хипо банката Александер Пикер смета дека со одлуката на акционерското собрание е донесен важен формален чекор со кој се создадени услови за разградување на банката. Доколку тече се по план, продажбата на ќерките-банки во балканските земји, односно потпишувањето на соодветниот купопродажен договор, ќе се објави пред 30 октомври. Оваа банка поседува свои „ќерки“ во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина. Хипо банката ги чинеше австриските даночни обврзници 5.5 милијарди евра од обидите за нејзин спас во 2009 година, а се очекува за ваквата трансформација да бидат потребни и дополнителни средства.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни