УЖАС ВО КУМАНОВО: Татко ја силувал малолетната ќерка, снимките ги објавувал на социјални мрежи
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2021
Вистински ужас доживеало малолетно девојче од Куманово. Нејзиниот татко за кој сега има Наредба за спроведување истражана постапка во повеќе наврати годинава ја силувал, а дејствата ги снимал и ги објавувал. Основното јавно обвинителство Куманово соопшти дека настаните се случувале во мај и јуни годинава и побара притвор за осомничениот кој има 39 години.
„Осомничениот во својот дом во Куманово, во повеќе наврати во временскиот период од мај до јуни 2021 година, извршил друго полово дејствие врз дете, негова ќерка. Притоа ги снимал дејствијата со мобилен телефон, ги дистрибуирал направените видеа преку социјална мрежа и ги направил достапни на повеќе лица, стои во соопштението.
Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, а поради опасност од бегство и повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченот.
Предлогот на обвинителството е прифатен и со Решение на Судот на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 30 дена.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.