УЖАС ВО СРБИЈА - млад човек сакал да направи селфи на вагон, добил струен удар
Објавено во: Балкан 08 Септември, 2024 13:27
Страшен инцидент се случил во Прибој, соседна Србија кога млад човек од Фоча се здобил со тешки повреди од струен удар. Според очевидци, инцидентот се случил на железничката станица Прибој кога тој се качил на вагоните со намера да се слика за социјалните мрежи.
- Младо момче од Фоча вчера бил кум на свадба, утрово сакал да се слика и се качил на вагонот, при што дошло до силен струен удар. Тој е тешко повреден - изјави еден од очевидците.
Повредениот млад човек со возило на Брза помош прво бил пренесен во болницата во Прибој, а потоа во болницата во Ужице.
Фото: Архива
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




