05 Декември, 2025
0.0854

ВАКЦИНА ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ДОМОВИ, РЕВАКЦИНА ВО СПОРТСКИТЕ САЛИ: Од денеска без закажување, вакцините ефикасни и против делта

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2021 07:15

Добивај вести на Viber

Почнувајќи од денеска, вакцинацијата против Ковид-19 ќе се спроведува без закажан термин. Здравствените власти се одлучија на ваков чекор со цел да се забрза вакциналниот процес сега, во период кога делта варијантата го зазема приматот во повеќе европски земји. Некои од граѓаните кои досега се двоумеа, или заради разни причини не стигнаа да се вакцинираат, сега посочуваат дека ќе појдат во некој од здравствените домови за да ја примат првата доза од вакцината против корона вирусот.

-Имам автоимунозаболување, не успеав да направам консултација со лекар специјалист, но во наредниве два-три дена ќе се разговарам прво со мојата матична лекарка, па ќе видам што ќе ме посоветува. Од семејството само уште јас сум невакцинирана, а имам 77 години. Сметав дека прво треба да се заштитат помладите кои секој ден одат на работа и имаат контакти со многу луѓе. Јас никаде не одам, и важно ми беше моите најблиски да примат вакцина, за да и мене не ме доведат во ризик од инфекција. Сега кога веќе нема закажување, секако ќе се вакцинирам, но како што реков, прво ќе салам да слушнам совет од матичната лекарка, па и од лекар специјалист во однос на тоа која вакцина да ја примам заради мојата автоимуна болест, вели за Фактор Катица Б. од Скопје.

Исто размислува уште една повозрасна госпоѓа, која исто така е единствена во нејзиното семејство која не е вакцинирана. 74-госишната Н.С. Посочува дека многу поважно и било први вакцина да добијат сите помлади членови, пред се заради постојаното излегување од дома.

-Моите контакти и претходно, односно о екот на епидемијата во земјава, па и сега се сведени само на најблиските, ќерќите и синот и никој друг. Успеавме да не се заразиме досега. Тие се вакцинираа, а јас најверојатно ќе отидам до крајот на неделава во „Јане Сандански“ да ја примам вакцината. Сега има доволно вакцини, за разлика од претходниот период. Навистина многу поважно ми беше прво да се заштитат активните членови од моето семејство, вели Н.С.

Инаку, како што информираше Министерството за здравство во текот на викенсов, граѓаните кои немаат закажано термин, првата доза вакцина ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените, домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи. Во спортските сали, ќе се врши масовна ревакцинација и таму нема да се вакцинираат граѓани кои немаат термин за вакцина. Вакциналните пунктови во јавните здравствени установи, ќе имаат работно време, кое е објавено на вратите од здравствените установи. Во Скопје вакцинарање без закажан тремин, ќе има во Поликлиниките Јане Сандански, Букурешт и Чаир, кои ќе работат од 7.30 до 19.30 часот. Од утре ќе се отвори и нов вакцинален пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари кој ќе работи од 7.30 до 14.30 часот. За вакцинација, доволно е само желба и задолжително документ за лична идентификација, за здравствените работници да ги запишат вашите податоци и да бидете евидентирани во ситемот Мој Термин, посочуваат од Министерството за здравство..

Истовремено од денеска почнува и теренската вакцинација и веќе се направени листите во кои населени места од повеќе општини ќе се спроведува. Министерството за здравство апелира до граѓаните што помасовно да се вакцинираат, бидејќи единствен начин да заврши оваа пандемија, како што велат, е што помасовна вакцинација.

- Процесот  за теренска вакцинација  е организиран, здавствените домови од секој град,  во соработка со локалната самоуправа, месните заедници со помош на локани медиуми, плакати, ги информираат граѓаните за денот и часот , во кое село, населба, рурално населено место ќе се врши вакцинација. Секој граѓанин кој сака да се вакцинира со себе треба да има важечки документ за идентификација. Министерството за здравство ги повикува граѓаните да се вакцинираат, сите вакцини кои ги имаме кај нас се безбедни и ефикасни. Сите вакцини спречуваат тешки симптоми или смрт од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

Анита Буховски

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите