ВАКЦИНАЦИЈАТА НА ДЕЦАТА СЕПАК МОРА ДА СЕ ЗАКАЖЕ: Термините ќе почнуваат од петок
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2021
Вакцинацијата на
децата од 12 до 16 години сепак ќе мора да се закажува на страницата www.vakcinacija.mk, информираше денеска министерот за здравство, Венко
Филипче, кој беше во посета на во поликлиниката Шуто Оризари, каде и таму беше
отворен вакцинален пункт.
-Ова мора да биде така, бидејќи она што е важно е дека во една вијала на вакцината на Фајзер има шест дози, што значи дека кога ќе се отвори треба да се вакцинираат 6 деца. Затоа е потребно да се направат термини. Родителите ќе може да го направат пријавувањето до четврток, а од петок ќе почне вакцинацијата на младите од 12-до 16 години, рече министерот Филипче.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.