26 Ноември, 2024
0.0413

ВАКЦИНАТА КАКО СПАС: Ќе бидат ли доволни, ќе ги прифатат ли граѓаните - д-р. Стојанов за Фактор

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Бројките на новозаразени и починати кои секојдневно пристигнуваат се аларманти, Владата носи мерки за спречување на ширењето на вирусот, но засега ситуацијата тешко се става по контрола.

Граѓаните спасот го очекуваат во вакцината, за која министерот за здравство Венко Филипче најави дека земјава аплицирала за нивна набавка преку Ковакс системот.

Нагласи дека земјава бара да купи вакцини за околу 20 отсто од населението, или 800.000 дози, бидејќи за секого ќе бидат потребни по две дози, што значи дека би се вакцинирале 400.000 граѓани.

Според Филипче, очекувањата се дека вакцината ќе биде достапна на почетокот на следната година.

За тоа кога би стартувала имунизацијата против коронавирусот и како целиот процес би се одвивал, Фактор разговараше со директорот на Центарот за јавно здравје, д-р. Александар Стојанов.

Тој вели дека нема попрецизни информации кога вакцината против ковид 19 би почнала да се употребува во земјава. Дали тоа ќе се случи кон крајот на декември, јануари, или можеби и подоцна, одговорот го имаат здравствените власти. Според него, прво треба да се види во светски рамки кога вакцината ќе добие употребна дозвола и ќе биде прогласена за безбедна за масовна употреба на населението.

Д-р. Стојанов вели дека процентот од 20 отсто од населението кој би требало да биде опфатен со новата вакцина против ковид 19 е одреден врз основа на критериумите на Светската здравствена организација кои важеле и за сезонскиот грип. Но, нагласува дека треба да се има предвид дека во случајот со ковид 19 станува збор за тотално непознат вирус, па не е извесно дали овие 20 отсто кои важат за имунизација за сезонскиот грип, ќе важат и за коронавирусот.

„Станува збор за тотално непознат вирус. Тие 800.000 дози ќе бидат доволни за 20 проценти од граѓаните, односно 400.000 граѓани би ја примиле вакцината, бидејќи ќе биде неопходна ревакцинација. Дали тоа ќе биде потребно да се прави на три месеци, на шест или на една година, засега е непознато, зависно од тоа колку долго ќе траат антитетлата. Овој вирус е тотална непознатица“, објаснува доктор Стојанов.

Од друга страна, според стандардите на СЗО, се смета дека 20 отсто е доволно за вакцинација од сезонскиот грип, за да се контролира неговото ширење.

„Но, дали тоа ќе биде доволно и за коронавирусот? Се покажа дека тој е многу поагресивен од сезонскиот грип, и многу поинфективен, полесно се пренесува, се менува, прави мутации... Сетоа тоа се непознатици. Според првичните проценки, за да се создаде таканаречениот имунитет на стадо, се сметаше дека е неопходно вирусот да го поминале околу 70 отсто од населението, па потоа тие проценки се спуштија на 50 и на нешто над 40 проценти. Така што, прашањето е дали ќе биде доволна вакцинација на 20 отсто од населението. Едноставно, овој вирус е нов и нема со што да се спореди. За да се добие некој тренд, потребни се можеби седум години, а овој вирус е стар околу една година“, објаснува д-р. Стојанов.

Тој е скептичен и околу тоа колку населението ќе ја прифати вакцинацијата. Стравува дека голем дел од нив ќе имаат отпор кон вакцината, а неизбежни тука ќе бидат и антиваксерите, кои ќе имаат своја кампања против вакцината.

„Вакцината против коронавирусот ќе биде нова вакцина, сигурно ќе има отпор кај граѓаните. Вие гледате дека на пример, вакцината против ХПВ вирусот постои повеќе од 10 години и е докажано безбедна вакцина, па се уште има отпор за нејзина примена. А можете да змислите како ќе биде со оваа нова вакцина, нема да оди лесно“, стравува д-р. Стојанов.

Инаку, неговите очекувања се дека вакцината против коронавирусот во земјава ќе биде бесплатна за граѓаниет.

„Доколку сме сериозна држава, таа мора да биде бесплатна за граѓанте“, вели директорот на Центарот за јавно здравје.

А министерот Филипче деновиве за медиумите изјави дека земјава аплицирала преку т.е Ковакс систем за вакцини против ковид-19.

Кога ќе пристигне во земјава вакцината нема да биде задолжителна, бидејќи не е влезена во календар, но ќе има силна препорака за нејзина употреба.

„Тоа е систем на СЗО и на Глобалната алијанса за вакцинација кој што овозможува како што ќе доаѓаат вакцините од различни производители еднакво да бидат дистрибуирани кон сите земји коишто аплицирале на тој механизам. Сите земји од регионот и Европа аплицираа во тој механизам и тоа е едниот начин за пристап до вакцината. Еве последните информации се дека во крајните фази од истражување е т.н оксфордска вакцина на компанијата Астра Зенека. Ние аплициравме преку Ковакс механизмот, како и сите други земји во регионот за вакцини за 20 отсто од населението. Тоа се 800.000 дози, заради тоа што ќе треба по две дози, една и после неколку недели уште еднаш согласно сегашните сознанија за развој на антителата. Како сега стојат сознанија во однос на напредокот, очекувањата се дека вакцината ќе биде достапна на почетокот на следната година. Имаме понуда и од уште две европски земји кои потпишаа и билатерален договор со компанијата, само земји членки на ЕУ...“, нагласи Филипче.

А вакцините против сезонскиот грип во земјава ќе пристигнат утре, но според д-р. Стојанов, прво ќе треба да ги добијат потребните дозволи од Агенцијата за лекови, така што не очекува дека пред понеделник идната недела би стартувала нивната апликација кај граѓаните.

„Министерството за здравство набави 40.000 дози кои ќе бидат бесплатни за постарите граѓани над 65 години, за хрончно болните, бремените жени и децата од шест месеци до пет години. Покрај овие, 4.000 дози вакцини ќе бидат за граѓаниѕе кои не се во овие групи и ќе сакаат да се вакцинираат, за што ќе треба да платат 800 денари. Мината година цената на вакцината беше 650 денари, но треба да се има предвид дека годнава се зголемуваат цените на сите медицински пепарати“, објаснува д-р. Стојанов.

Нина Ннеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!