20 Април, 2024
0.0271

ВАКЦИНАТА ПРОТИВ ХПВ Е КЛУЧНА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА: Гинекологот Коруноски алармира за сериозноста на болеста

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Ракот на грлото на матката е четвртиот најчест карцином кај жените во светот и седмиот најчест рак воопшто. Според последните податоци има повеќе од 604.000 нови случаи со ова заболување.

-Во 2020 година, околу 604.000 жени биле дијагностицирани со рак на грлото на матката ширум светот, а околу 342.000 жени починале од оваа болест. Главната причина за рак на грлото на матката е постојаната инфекција со високоризични типови на хуман папиломавирус (ХПВ), исклучително честа фамилија на вируси кои се пренесуваат преку сексуален контакт. Постојат вакцини кои штитат од високоризични типови на ХПВ, а програмите за скрининг можат да откријат знаци на болеста во рана фаза, овозможувајќи ефикасен третман и управување со состојбата. Ова значи дека ракот на грлото на матката треба да биде еден од најпревентивните и најлечивите форми на рак. Во многу земји со високи приходи, тоа е случај. Високи стапки на инциденца и високи стапки на смртност од рак на грлото на матката се јавуваат главно во земјите со низок и среден приход, наведува Светската здравствена организација.

Во текот на оваа недела, Светска недела за превенција од ова заболување се прават напори да се подигне свеста за ризикот од рак на грлото на матката и да се дејствува во насока на тоа што го препорачува СЗО, а тоа е токму вакцинацијата против ХПВ.

Во разговор за Фактор, д-р Васо Коруноски, специјалист гинеколог вели дека најважно е да се осознае како да ги намалат ризиците и како да да се спречи болеста.

-Нема ништо подобро од превенција, многу е подобро болестите да се превенираат отколку да се лекуваат. Кога говориме за ракот на грлото на матката, најдобра превенција е секако вакцината против ХПВ, односно Хуман папилома вирусот, кој во над 99 отсто од случаите е одговорен за појава на грлото на матката. Значи, овој вид на канцер настанува најчесто поради инфекција со вирусот со ХПВ. ХПВ претставува вид вирус кој воедно е и најчеста вирусна инфекција на репродуктивниот тракт на двата пола. Има повеќе од 150 типа. Два од нив највисоко ризични за да се развие рак на грлото на матката. Над 70% од ракот на грлото на матката и преканцерозните лезии се резултат на HPV-16 и HPV-18. И останатите типови не се без ризик.Типовите 6 и 11 најчесто предизвикуваат генитални брадавици предизвикуваат или кондиломи, појаснува д-р Коруноски.

Гинекологот нагласува дека вакцината е единственото средство кое дава заштита, но за жал кај нас се уште постои голем отпор. Востановена практика е да се вакцинираат девојчињата на возраст од 12-13 години, односно во седмо-осмо одделение. Сепак, ретки се оние родители кои даваат согласност детето да биде вакцинирано против ХПВ.

-Вакцините против ХПВ, како впрочем се во медицината постојано се усовршуваат. Во светот од пред неколку години постои деветовалентната вакцина, а кај нас пристигна некаде во август. Претходно се даваше четиривалентната. Овие вакцини штитат од хуман папилома вирусот доживотно. Не мора секогаш возраста да биде околу 12-13 години за да се прими вакцината. Може да се даде и на повозрасни години, односно се додека човекот е сексуално активен, но најдобро е пред воопшто да се почне со сексуалните односи. Во светот ја примаат и мажите и на тој начин всушност се придонесува за ширење на ХПВ, па дури и искоренување на овој вирус за кој како што реков е докажано дека е главната причина за развој на канцер на грлото на матката. Инаку, комерцијалната вакцина, девет валентната чини 9.000 денари и се дава во три дози, по првата доза треба да изминат два месеца за да се прими втората, а третата доза се дава по четири месеци, односно чест месеци по првата примена доза за да организмот создаде комплетна заштита против ХПВ.

Цервикалниот канцер е сериозна болест, која најчесто во раните стадиуми не дава никакви симптоми, па затоа и е тешка за откривање, симптомите најчесто се јавуваат откако болеста веќе е проширена. Оттука, превенцијата останува клучна, за што се потребни редовни контроли кај  гинеколог и следење на препораките за превенција, бидејќи само со рана детекција е возможен и третман на оваа болест.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите