Вакцината против Ковид-19 ќе биде готова за 12 до 18 месеци
Објавено во: Свет, Корона Вирус 20 Март, 2020
Повеќе фармацевтски компании ветија дека за
една година, или јадоцна 18 месеци ќе произведат вакцина против новиот
коронавириус и таа ќе биде достапна во
сите делови од светот.
Во моментот се спроведуваат десет клинички испитувања за развивање на евтини и делотворни тестови за откривање на Ковид-19, а потоа и вакцина за да се запре ширењето на новиот коронавирус, од кој во светот се заразени 252.777 луѓе, а 10,405 починаа.
– Работиме на три полиња: да се обезбеди дистрибуција… да се пренасочи постоечката технологија… и да се произведат нови лекови, нови вакцини, нови тестови со кои ќе се искорени Ковид-19, изјави потпретседателот на Извршниот одбор на Џонсон&Џонсон, Пол Стофелс на вчерашната видеоконференцијата организирана од Меѓународната федерација на фармацевстки производители (ИФПМА).
Додека другите претставници на фармацевстките компании истакнаа дека потребни се од 12 до 18 месеци за вакцината да биде одобрена на пазарот.
– Кога регулаторните агенции ќе ја одобрат формулата, треба да се произведе доволно коичество вакцини и да се обезебди достава до сите делови на светот, изјави извршниот потпретседател на Санофи, Дејвид Лоев, додавајќи дека станува збор за милијарди луѓе и оти предизвикот е голем.