16 Декември, 2025
0.0454

ВАКЦИНИРАНИТЕ ЌЕ ИМААТ ПОСЕБНИ ПРИВИЛЕГИИ И ПРАВО ДА ЖИВЕАТ НОРМАЛНО: Пристап до јавниот превоз, рестораните, културните институции...

Објавено во: Свет 24 Декември, 2020 08:18

Добивај вести на Viber

Во Франција ќе се носи нов закон со кој граѓаните кои ќе се вакцинираат против Ковид-19 ќе имаат привилегии во однос на останатите. Имено, во Собранието, веќе од понеделникот е доставен овој закон, кој француските власти го нарекоа „Зелен вакцина пасош“, а со кој на граѓаните кој ќе ја примат вакцината ќе им биде овозможено да влегуваат слободно во рестораните, културните институции, да го користат јавниот превоз и да се движат слободно и на други јавни места.

Како што пренесува агенцијата Анадолија, францускиот премиер, Жан Кастекс, го доставил законот со кој се предвидува токму премиерот да има право да одобри движење на лицата врз основа на тест со кој се утврдува дека лицето не е заразено или по превентивен третман кој вклучува вакцинација против коронавирус.

Дебатата за тој закон започна минатата недела, кога членовите на либералните и центристичките партии предложија воведување на таканаречен „зелен пасош“ за луѓето кои се вакцинирани, со образложение дека вакцинираните имаат право да живеат нормално.

Истовремено, лидерката на опозициската екстремна десница, Марин Ле Пен со објава на Твитер посочи дека  нејзината партија никогаш нема да дозволи на владата присилно да воведе нешто што не успеала да го наметне со доверба и дека граѓаните кои не се вакцинирани не смеат да се сметаат за граѓани од втор ред.

Инаку, според последните анкети, многу е мал процентот на граѓаните во Франција кои би се вакцинирале. Сепак, со усвојувањето на овој закон, Франција би била првата земја во Европа која би вовела вакви „ зелени пасоши“.


Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете