19 Декември, 2025
0.0807

Валканите трикови на една индустрија

Објавено во: Мои пари 06 Февруари, 2014 18:00

Добивај вести на Viber

Ако сте одлучиле да ги промените навиките и да се свртите кон здрава исхрана, бидете внимателни - сокриени маркетиншки тактики ќе ви ја отежнат работата. „Прехранбената индистрија е свесна дека најбрзиот пат до потрошувачите не е нивниот желудник, туку очите“, вели Кети Рикел, клинички психолог. „Во супермаркетите, прехранбената индистрија не мами со слатки фотографии на амбалажите, научни тврдења на етикетите и неодоливи понуди поради кои мислиме дека се купуваме евтино“. Резултат? Донесуваме импулсивни одлуки и го купуваме она што обично не би го купиле. Пазете на овие итри стратегии и држете се кон своите здрави цели. Фрази кои збунуваат Производителите на храна играат на картата дека поголемиот дел од луѓето не знаат доволно за прехранбените производи кои ги јадат, па истакнуваат фрази поради кои потрошувачите ќе помислат дека се здрави, на пример „за грамажата на масти“. Но, тоа може да значи и дека производот е многу калоричен и полн со сол. Мириси Можете ли да останете рамнодушни на мирисот на топол леб или колачи со цимет кога поминувате покрај пекара или слаткарница? Тоа го прават анмерно. Мирисот на лебот ќе ве расположи и ќе потрошите повеќе. Понуди кои не се одбиваат Големите порции повеќе не се толку интересни, но „купете едно, ќе добиете две“, „бесплатен помфрит“ и слични понуди во фаст фуд рестораните, е тешко да се одбијат. Иако знаеме дека фас фуд храната не е добра, евтина е. А купоните за бесплатно кафе или компирчиња, ќе ги направат уште попривлечни. Без глутен Со оглед дека во последно време доби титула на најново „зло“, знакот „без глутен“ може да ве поттикне да купите производ, иако реално глутенот не ви смета во исхраната. Јавноста перцепира дека хрната без глутен е здрава и производителите тоа го користат. Често тие производи содржат пченкарен скроб, компиров скроб и други видови скроб кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта повеќе од пченицата, а и не се здрави. Брзина Кога ќе заглавите во ред пред касата, единствено што најчесто сте опкружени се чоколади, гуми за жвакање, бомбони - ве викаат да ги земете. Уште пострашно е ако тоа се случува по работа, уморни сте, гладни или ви е досадно. Обидете се да го тргнете погледот од нив и да го избегнете имуплсот за купување. Хало ефект Јогуртот е здрав, но не кога е полн со парчиња чоколадо или гумени бомбони. Истото важи и за храната со натпис „органско“. Трговците сметаат на тоа дека ќе подлегнете на хало ефектот кај производите со здрава етикета, дури и кога производот не е тоа. Колачите со ознака органски, се перцепираат како поздрави од неорганските, дури и кога се идентични. Хало ефектот се применува и на останатите прехранбени производи - вклучувајќи ги овесните снегулки, па дури и водата - кои стануваат нездрави со додадените состојки. Порции Грицките и слатките често се поделени во помали пакувања, па мислите дека внесувате помалку калории, маснотии или шеќери. На пример, пола шолја сладолед од ванила има околу 140 калории и 7 грама маснотии. Но, ако ја давиме тагата во сладолед, таа една шолја нема да ни биде доволна и ќе посегнеме за втора, па многу брзо сме стигнале до 280 калории и 14 грама маснотии, што веќе е територија на пржената храна. Маркетиншките експерти се мајстори за психологија, а храната не е исклучок. Тие знаат што ќе направиме и кога тоа ќе го направиме, поради што им е лесно да не наведат да јадеме нездрава храна. Ако бидете свесни за тие трикови, ќе бидете чекор пред нив и полесно ќе можете да им се спротивставите.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии