02 Мај, 2024
0.0281

Валона, тивко и бавно, но сигурно го граби европскиот туристички пазар

Објавено во: Економија 08 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Валона прераснува во европска туристичка дестинација, на самата граница помеѓу Јадранското и Јонското море. Се чини, место идеално за летување на просечно македонско семејство. Поефитно од Грција, дури и од Скопје. Официјална валута е „лек “, сепак не е проблем и да платите во евра, но кусурот го добивате во леки. Во секој маркет, ресторан, кафуле - за 1 евро добивате 130 леки. Отприлика 1:2 е соодносот со македонскиот денар.

Како до Валона

Постојат неколку опции како да стасате до Валона. Од Струга до Валона има 204 километри, изгледа близу, но сепак за да ги поминете овие нешто повеќе од 200 километри со автомобил потребни ви се околу 4 часа. Тоа значи дека инфраструктурата сеуште е на ниско ниво, барем кога од граничниот премин Ќафасан ќе се движите кон Елбасан, потоа има брз пат од околу 35 километри, стигнувате до Рогозин, а оттаму е автопат (налик, Тетово - Гостивар). На 30 километри пред Валона е градот Фир, сега мора да влезете во ова мало градче, затоа што комплетната автопатска делница до Валона сеуште се гради.

Валона на прв поглед

На прв поглед кога влегувате во Валона воошто не изгледа како да доаѓате во приморски град, туку како да влегувате во просочен албански град. Доколку доаѓате од Елбасан, на влезот во Валона од десната страна ве пречекуваат полиња со сол. Морето, кое го гледате од страна воопшто и не ве привлекува.

Сепак, само 2-3 километри подолу, кога веќе влегувате во срцето на Валона ве очекува друга глетка. Пред вас е град кој со огромни чекори ита кон модернизирање. Се чини дека жителите на Валона, и воопшто албанците како да не знаеле дека поседуваат мориња - Јадранско, Јонско море. Пристаниште, нови згради, нови булевари, подновена енергетска инфраструктура - Валона, тивко и бавно, но сигурно го граби европскиот туристички пазар.

Туристи во Валона

Валона, сеуште на некои места личи на градилиште. Се градат булевари, велосипедски патеки, пешачки патеки. Се дотерува градската плажа, на приземје под веќе изградените згради има кафулиња, пицерии, ресторани. Жителите на Валона и сами признаваат дека туризмот допрва го учат, а по се изгледа тоа и добро го прват. Велат, најголемиот метеж се создава за време на викендите, кога од Тирана доаѓаат викендаши. „Екот на сезоната е во август, тогаш доаѓаат италијаните, но тие се сепак нашите гастрабајтери“, додаваат жителите на Валона со кои разговаравме. 

Така што денес да побарате сместување дали во хотел или приватен апартман за во август, скоро и да не можете да најдете. Сите капаците се пополнети. Она што ние го забележавме во средината на јули беа по некој автомобил со македонски регистарски таблички (Скопје, Струга, Охрид, Дебар), но и со црногорски регистарски таблички.

Плажи во округот Валона

Плажите во Валона, веќе добиваат европски шмек. Се наоѓаат надвор од центарот на градот. На 10 километри долж крајбрежјето е градчето Орикум, кој е во округот Валона. Орикум е целосно распослан со средени плажи, дел од нив песочни, дел од нив со сите песок. Две лежалки и еден чадор ќе ви чинат од 400 до 500 леки (околу 200 - 250 денари), иако секоја плажа е со ресторан, кафуле, сепак не е проблем доколку и од дома се подготвите за плажа со вода, сок, мини сендвичиња, грицки. 

На 50-километри од Валона, се наоѓа „Дерми“, место сместено на средина помеѓу Валона и Саранда. Дерми е туристичко место, каде се приметува грчко влијание. Во Дерми е дефинитифно најубавата плажа на целото албанско крајбрежје. Стокмена долга плажа, кристално чиста вода, каде се мешаат трикизната и сина боја на морето.

Љубезни домаќини, но ретко кој говори англиски јазик

Доколку се решите годишниот одмор да го поминете на албанското крајбрежје, љубезните домаќини ќе се потрудат да се чуствувате пријатно во секоја смисла на зборот. Фини, насмеани ликови, евидентно е дека имаат посетувано италијански курсеви кога е во прашање туризмот. Но, сепак, проблем е непознавањето на англискиот јазик, иако мениата во рестораните и кафулињата се на албански и англиски јазик.

Цени во Валона

Иако е туристички град со две мориња, Јадранско и Јонско море, сепак цените во Валоназа сместување во хотелите, но и во приватни апартмани се прилично достапни. Речиси скопски цени има и во рестораните и кафулињата, но и на плажите се прифатливи за просечен македонски граѓанин. Впечатокот е како да постојат унифицирани цени и за кафе, и за алкохолен и за безалкохолен пијалок, но и за ручек.

Вода: 0,75л - околу 100 денари

Кафе макиато: - околу 50 денари

Сок: околу 100 денари

Пиво: 100 - 200 денари

Свежи салати: 100 - 200 денари

Школки порција: 200 - 250 денари

Шпагети со томато сос: околу 150 денари

Шпагети со морски плодови: околу 350 денари

Пици: 250 - 350 денари

Плескавица: околу 100 денари

Сместувачки капацитети

Валона денес нуди одлични сместувачки капацитети. Хотелско, но и сместување во приватни апартмани. Она што на прв поглед паѓа во очи се одлично опремените апартмани. Хотелските капацитети исто така нудат неверојатни уживања. Апартманско сместување во Валона, во стан комплетно наместен, со една спална соба, голема дневна соба, со нова кујна, ново купатило со машина за перење, тераса со поглед на море, а во кој може да се сместат две фамилии (максимум 5 лица) чини 65 евра од ноќ. Нешто поскапо е хотелското сместување, но таму е вклучен и појадок.

Податоци за Валона

Пристаништетот во Валона е најблиску до пристаништето во Бриндиси во Италија, со траект е околу 6 часа, патување. Валона е првенствено важно пристаниште, но сепак за овој дел значајни се уште и риболовот и индустријата. Регионот околу Валона произведува нафта, природен гас и сол. Во последно време поголемо значење добива туризмот.

Р.Ф


Можеби ќе ве интересира

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање