18 Декември, 2025
0.0605

„Ван Хол“ им даде само едномесечни договори на вработените во ТИРЗ Скопје, го „газат“ американските царински стапки

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Ван Хол, производителот на автобуси главно наменети за американскиот пазар, ги известил своите 500-тини вработени во индустриската зона во Скопје дека од сега па натаму поради неизвесноста ќе работат со договори кои ќе бидат обновувани на секој месец.

Вработени кои што се обратија до „Фактор“ ни рекоа дека порано работеле со полугодишни договори, потоа истите биле намалени на тримесечни, за на крај од октомври да бидат со траење од само еден месец.

Од „Ван Хол“ ни го потврдија ова и ни рекоа дека на тој начин странскиот инвеститор мора да се осигура пред своите обврски, поради тоа што, како што велат од таму, големо влијание имаат царинските стапки кои ги наметна САД, по што се очекува тоа да се одрази и на самото производство.

- ВДЛ Ван Хоол Македонија е социјално одговорна компанија која се грижи максимално за своите вработени и затоа секојпат многу внимателно ги прилагодува своите кадровски и производни капацитети согласно условите на пазарот. Ова, секако, е со цел да обезбеди континуитет во приходите и со тоа да обезбеди сигурна иднина за најголемиот број вработени. 

За жал, неизвесноста на американскиот пазар, на кој ние сме силно присутни, заради дополнително воведените царински и други тарифни стапки, предизвика намалени нарачки, кои заради претходно изнесеното ќе генерира намалување на активностите во сите сегменти на работењето, гласи одговорот на еден од најголемите извозници што ги има земјата.

Македонија од новата американска извршна наредба е погодена со царинска стапка од 15 отсто при извоз на производи во САД, што е исто како и за ЕУ.  Одлуката е дел од поширока мерка на американскиот претседател Доналд Трамп, со која се воведуваат нови трговски правила за земјите што немаат билатерален договор со САД.

Белгиската компанија ја отвори свјата фабрика во технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 во 2012. Во април 2024, поради финансиски проблеми, фабриката на Ван Хол беше преземена од холандската VDL Group.

Според податците на OEC, Македнија во 2023 забележала извоз на 273 милиони долари во САД; од кои 203 милиони долари биле автобуси. Дури и се шпекулираше дека претходната царинска стапка што САД и ја наметна на Македонија од 33 проценти била заради патничките возила на Ван Хол што се испорачуваат таму.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?