Варуфакис гласал „за“ вториот пакет реформи
Објавено во: Балкан 23 Јули, 2015 14:01
Оваа ноќ грчкиот парламент го усвои и вториот пакет економски мерки. Овие реформи беа поставени како услов од меѓународните кредитори за продолжување на помошта за Грција.
„За“ промените гласал и поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис. Новиот пакет беше усвоен со гласовите на 230 пратеници. Против беа 63 пратеници. Дебатата започнала во 23.00 часот и траела над 5 часа.
Лидерот на опозицијата, Евангелос Меимаракис изјавил дека неговата група ќе ја поддржи програмата за реформите на владејачката партија на премиерот Ципрас Сириза. Тој, сепак, истакнал дека „тоа управување ќе ја чини многу скапо земјата“.
Законодавните промени ќе дозволат да започнат веднаш преговорите со меѓународните кредитори за третата спасувачка програма за 86 милијарди евра. Токму пред една недела - на 16 јуни, парламентот во Атина го усвои првиот пакет реформи, со што беше променето даночното законодавство.
За време на дебатата во пленарната сала грчкиот премиер Алексис Ципрас, изјавил дека земјата ќе ги извршува договорите со меѓународните кредитори, иако се многу тешки условите. Тој потврдил дека никој во земјата не би се согласил со планот на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле за привремено излегување на земјата од еврозоната. Според Ципрас земјата требало да избира меѓу исфрлање на Грција од еврозоната или усвојувањето на тешките услови. Грчкиот премиер изјавил и уште дека неговата земја успеала да ја промени Европа. Алексис Ципрас повторно изјавил дека нема намера да поднесе оставка.
Законодавните промени, кои беа усвоени ноќеска предвидуваат промени во граѓанската постапка, промени во законот за продажба на аукција на недвижности на должници на хипотекарни кредити, како и интегрирање во грчкото законодавство на директивите на ЕУ за стабилизирање на финансиските институции во земјата.
Доцна синоќа десетици илјади Грци во различни градови на земјата се вклучија во протестите против новите економски мерки кои се усвоија. Протестите биле организирани од левичарските и синдикалните формации. Само во Атина на плоштадот Синтагма се собрале околу 10 000 луѓе.
Во почетокот на недела по тринеделниот банкарски одмор банките во земјата повторно ги отворија вратите.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




