Варуфакис и Шојбле се состанале, разговорот бил „конструктивен и пријателски“
Објавено во: Балкан, Економија 08 Јуни, 2015 13:36
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис се состанал во германската престолнина Берлин со хард противникот - германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
По пристигнувањето Варуфакис не дал коментар, како германски официјални лица посочија дека двајцата министри нема да позираат за фотографии и нема да имаат прес-конференција по средбата.
По разговорите грчкиот министер за финансии искоментирал дека двајцата имале конструктивни, продуктивни и пријателски разговори. Според него, сепак двајцата не преговарале.
Тој исто така изјавил дека средбата со Шојбле била корисна и се спровела по „исклучително пријателски“ начин.
Подоцна денес во германската престолнина Варуфакис ќе ги изложи аргументите за обезбедување на поголема слобода на дејствување на Атина во решавањето на нејзините должнички проблеми. Грчкиот министер за финансии ќе учествува вечерва во дебата организирана во германската престолнина од фондацијата „Ханс Блоклер“, која е блиска до Обединување на германските синдикати. Во исто време во замокот „Елмау“ во Баварија завршува самитот на Г-7.
Вчера Грција и Европската унија (ЕУ) разменија остри реплики во врска со последните барања на Брисел за економски реформи од Атина. Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ја обвини грчката влада дека ги искривува предлозите на ЕУ, што премиерот Алексис Ципрас ги оцени во петокот како „апсурдни“.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата




