07 Октомври, 2024
0.0394

Варуфакис ја моли Меркел да ја спаси Грција

Објавено во: Балкан, Економија 15 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Еврогрупата може да и даде ултиматум на Атина за само неколку денови.

Јанис Варуфакис ја повика германската канцеларка Ангела Меркел лично да се вклучи во преговорите за да се спаси Атина од банкрот.

Грчкиот министер за финансии изјавил во интервју дека ја исклучува можноста неговата земја да излезе од еврозоната, бидејќи тоа нема да биде решение на должничката криза. Единствениот излез според него е уште простување и реструктуирање на заемите на Грција.

Трансакција била можна, ако лично канцеларката Ангела Меркел се вклучи во преговорите, додал тој за „Билд“.

Неколку часа пред објавувањето на интервјуто во Брисел пропаднаа натамошните преговори меѓу тимовите на Европската комисија и министрите испратени од грчкиот премиер Алексис Ципрас. Преговорите траеле помалку од час во неделата вечерта, но двете страни не отстапиле од своите позиции.

Се смета дека Грција има последна шанса да постигне договор за доделување на спасувачкиот кредит од 7,2 милијарди евра на состанокот на министрите од еврозоната во четвртокот. Европски претставници коментираат за „Ројтерс“ дека ако Атина не ги претстави подобрените предлози за реформите кои планира да ги преземе, еврогрупата ќе реагира многу цврсто и е најверојатно да се стави ултиматум над Грција.

Атина веќе има само две недели, за да најде излез од кризата, бидејќи на 30 јуни ќе треба да ја платат следната транша кон ММФ од 1,5 милијарди евра, со што ќе ја остави без пари. Премиерот Алексис Ципрас, меѓутоа, не изгледаше особено загрижен. Тој изјавил дека Атина ќе почека трпеливо додека кредиторите не се вразумат, бидејќи не може да се погребува демократијата во земјата, каде што е родена, јавува „БиБиСи“. Во исто време Ципрас изјавил дека очекува од Европската комисија покана за нови преговори и се подготвени да реагираат веднаш.

Треба да почнеме да работиме на план за вонредна ситуација во која Грција ќе западне во банкрот, предупредил еврокомесарот Гинтер Отингер, кој е претставник на Германија. Тој изјавил дека во земјата треба да бидат обезбедени материјали за итни случаи, платите на полицајците, лекови и фармацевтски производи.

Малку подоцна беше јасно дека владата на премиерот Алексис Ципрас се согласила со барањата на кредиторите за постигнување на оваа година на основен буџетски суфицит од 1 процент, соопшти Европската комисија. Досега Грција инсистираше за помал примарен суфицит во износ од 0,75 отсто, што би значело помали заштеди за земјата.

Водечкиот индекс во Атина се распадна со 7% поради неуспехот на преговорите во Брисел.

Можеби ќе ве интересира

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути