18 Декември, 2025
0.1450

Варуфакис не верува дека некој во Европа сака вистински „Grexit“

Објавено во: Балкан, Економија 13 Јуни, 2015 12:36

Добивај вести на Viber

Грција не верува дека некој од нејзините европски партнери сака принудно земјата да ја напушти еврозоната (Grexit), смета министерот за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, цитиран од „Ројтерс“.

Агенцијата коментира дека изјавата доаѓа во момент кога се очекува договор меѓу Атина и кредиторите за добивање на помош против лошите реформи.

Во интервју за „ВВС“ Варуфакис коментирал дека се надева дека ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд нема да блефира во однос на првите официјални коментари за дејствијата во обврските на Грција и излез од еврозоната.

„Не верувам дека никој одговорен европски бирократ или политичар има желба да го преземе тој пат“, изјавил Варуфакис.

Во моментов Атина води критични преговори во обид да се најде договор со кредиторите за натрупаните долгови и да добие 7,2 милијарди евра - последната транша од втората спасувачка програма во износ од вкупно 240 милијарди евра.

Во почетокот на јуни владата го одложи плаќање од 300 милиони евра кон ММФ со забелешката дека не може да му плати на Фондот, и дека ќе плати 1,6 милијарди евра одеднаш на крајот на месецот.

Во моментов во државната каса на Грција ги нема потребните средства и ако не ја добие последната транша, ќе ја одбие и исплата кон ММФ. Социјалниот министер Панос Каменос пресметал дека без помошта од пари до крајот на јуни земјата ќе може да ги исплати само пензиите и платите.

Денес во Брисел ќе се одржи уште еден круг разговори помеѓу странките, а во петок пораката на грчката влада наведувала дека ќе се најде разврската,позитивна, и е поблиска од било кога.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата